Sportmaster е иновативна програма, која ке му овозможи на секој вработен да го подобри своето здравје и квалитет на живот. Со Sportmaster вработените ќе можат да го одржуваат своето здравје и енергија, одбирајќи што сакаат, каде сакаат и кога сакаат да спортуваат. Покрај спортувањето, тие ќе имаат разни поволности при купување и користење на други услуги.
Од крос фит, пилатес, пливање, боречки вештини до јога и танцување. Корисниците на SportMaster картичките можат да ги користат и промоциите и попустите и за разни други услуги од нашата мрежа.
Повеќе не е потребно да комуницирате со многу луѓе од различни спортски објекти, туку само со нашиот агент за продажба.
Вие одлучувате дали ќе ја покриете целосната месечна претплата или ќе покриете само дел од неа, како начин за мотивирање или бонус за Вашите вработени.
Добра работна атмосфера и задоволен тим се клучни фактори при изборот на работно место. Ќе Ви помогне да ги задржите и Вашите најискусни и посветени вработени.
Здравите,активни и весели вработени, се основата на секоја успешна компанија. Тоа ја зголемува општата продуктивност и ефикасност на Вашите вработени.
Само со една картичка Вашите вработени ќе можат секој ден да посетат различна активност од богатата мрежа на спортски објекти и да купат производи или услуги со намалени цени.