Летните месеци бараат соодветна подготовка на организмот, со цел полесно да ги поднесете топлите летни денови. Потењето, надуеноста и омалаксаноста се само дел од несаканите ефекти.

За да го регенерираме телото во текот на летните денови, многу е важна хидратацијата, и јадењето полесна храна, се со цел да му направиме детокс на телото и да се ослободиме од вишокот вода и токсини во организмот.

Не заборавајте водата, зеленчукот и овошјето се Ваши најдобри пријатели за време на топлите летни денови.

Летниот детокс не е детокс во потполна смисла на зборот, туку се работи за намалување и адаптација на храната која ја внесуваме, за да се чуствуваме полесно и да бидеме по енергични.

За време на летниот детокс, потребно е исхраната да се базира на зеленчук, особено на сезонскиот зеленчук. Нека зеленчукот е основа на секој Ваш оброк, почнувајќи од утрински сок, разновиден зеленчук за ручек и сиров зеленчук за вечера. Кога станува збор за готвењето, заборавете на пржење и одберете варен зеленчук, бидејќи е исто толку вкусен како и пржениот, а многу помалку го оптоварува стомакот.

Кога станува збор за овошје, дневната доза на витамин Ц е многу важна. За ужина изедете еден портокал или направете си лимонада. Не заборавајте и на бобинките, кои се одличен антиоксиданс, кој ќе му даде на Вашето тело додатна енергија.

За да Вашиот детокс биде уште поефективен, Ве советуваме во текот на целиот ден да пиете вода со додаток краставици, лимон и нане. Освен што овој напиток е совршен за чистење на телото од токсини, тој ќе Ви ја обезбеди потребната хидратација, која е спас за време на жешките летни денови.

Овој вид на детоксикација не значи никакво откажување, туку благи промени во исхраната,кои ќе Ви помогнат да се чуствувате подобро за време на летниот период од годината. 

Нека ова лето биде Ваше најдобро до сега!