1. HIIT
HIIT (Високо интензивен интервален тренинг) е тренинг кој вклучува неколку интервали на вежбање кои се кратки а меѓу нив се прават кратки активни паузи. Најчесто еден интервал (вежба и пауза) вклучува 20 секунди вежбање и 10 секунди пауза. Една од предностите на ваквиот тип на тренинг е заштеда на време. Ако обичен тренинг со понизок интензитет во просек трае 40 до 60 минути, со ваков тренинг можете да завршите за 15 до 20 минути.
*Со твојата Sportmaster картичка можеш да вежбаш HIIT тука.
2. Crossfit
Crossfit е интензивна програма за вежбање која се состои од многу динамични вежби со висок интензитет како што се кревање тегови, склекови, вежби со јаже и гимнастика. Crossfit е одлична програма за секој кој сака да го зголеми интензитетот на вежбањето и да го забрза процесот на развивање и зајакнување на мускулите.
*Со твојата Sportmaster картичка можеш да вежбаш Crossfit тука.
3. Bodyweight вежби
Вежби што не секој може да ги направи, бидејќи тие бараат сила, издржливост и посветеност. Сепак овој тип на вежби се идеални за луѓе кои не сакаат теретани и сали за вежбање. Bodyweight вежбите можете да ги правите каде сакате, во Вашиот дом или во најблискиот парк.
*Со твојата Sportmaster картичка можеш да вежбаш Bodyweight тука.
4. Групни активности
Групните активности како што се пилатес, јога или функционален тренинг дефинитивно спаѓаат во Вашите омилени активности. Секоја дисциплина си има свои бенефиции, само треба да се одлучите која најмногу ја сакате и која најмногу Ви одговара, а резултати дефинитивно ќе ги почуствувате што и да одберете да вежбате.
*Со твојата Sportmaster картичка можеш да вежбаш групни активности тука.
Прочитајте повеќе за Sportmaster програмата и препорачајте не кај Вашиот работодавец.