Сите добро знаеме дека вежбањето е добро за нашето здравје, но мора да признаеме дека по долгиот работен ден попримамливо ни звучи лежење во кревет заедно со омилената серија, отколку спортување.

Ако сте и Вие дел од оние “помрзливите” прочитајте подолу неколку совети како да се мотивирате за тренинг после работа.

  • Закачете си нспиративни пораки во канцеларија

На Вашето работно биро ставете си супер инспиративни и мотивирачки пораки. Колку повеќе ги гледате, толку повеќе ќе сакате да завршите со работа и да одите на тренинг.

  • Ставете го тренингот во Вашиот дневен распоред

Секој понеделник направете си распоред за неделата која следи. Вметнете тренинг неколку пати во неделата. Така ќе имате контрола врз времето и ќе бидете поорганизирани.

  • Земете си облека за вежбање со Вас на работа

Пред да одите на работа спремете си облека за вежбање и земете си ја со Вас на работа. Кога веќе ја имате облеката со Вас ќе бидете уште помотивирани да одите на тренинг. Совет плус, веднаш по завршување на работата, пресоблечете се во облеката за вежбање, излезете од канцеларија и право на спорт!

  • Тренирајте со колегите

Вежбањето во група е докажано одлична мотивација. Договорете се со Вашите колеги заедно да посетите некоја теретана после работа.

  • Одберете спорстска активност блиску до Вашето работно место

За да не губите премногу време, одберете спортска активност која е блиску до Вашата канцеларија, или спортски објект покрај кој морате да поминете на патот до Вашиот дом.

Ако веќе имате Sportmaster картичка, кликнете ТУКА и одберете спортски објект кој е најблиску до Вас.

Доколку уште немате картичка, тогаш кликнете ТУКА.

  • Не се откажувајте

Како што веќе рековме, вежбањето е многу важно за нашето тело, но подеднакво e важно и за нашето здравје. Треба да знаете дека резултатите никогаш не доаѓаат преку ноќ, за се треба време, волја и посветеност, па затоа немојте да се откажувате!