Сите знаеме колку вежбањето е добро за нашето здравје, и каков ефект има физичката активност врз нашето тело, но кој дел од денот е најдобар за тренинг?

Поразговаравме со професионални тренери за да дојдеме до одговор на ова прашање, но повеќето тренери велат дека се зависи од човекот. Не постои научно докажано истражување кое вели дека вежбањето наутро пред работа е подобро од вежбањето попладе, по работните обврски или обратно.

Вашето тело најдобро знае кога е време за тренинг, само треба да го слушате.

Сепак постојат добри и лоши страни на вежбањето наутро, и добри и лоши страни на вежбањето попладне. Прочитајте неколку од нив.

  1. Одморени сте и Вашето тело е полно со енергија. Утрото е идеално за тренинг доколку сте ранобудници и имате еден час слободно време пред да започнете со секојдневните обврски.
  2. Доколку Вашата работа е стресна, физички или ментално, тренинг после работа е последно нешто што ќе Ви дојде на памет, па затоа завршете со тренингот пред Вашиот работен ден.
  3. Мастите подобро се согоруваат наутро, велат фитнес иструкторите. Доколку вежбате пред да појадувате, или изедете само еден протеиснки бар, согорувањето на мастите се одвива побрзо отколку кога вежбате при крај на денот.
  4. Психолошкиот мотив е еден голем плус за вежбањето пред работа. Вежбите Ви го разбиструваат умот, Ве полнат со позитивна енергија и со дадатна мотивација што подобро да го поминете денот.
  5. Доколку вежбате после работа, ризикот од повреди е намален. Помало загревање на мускулите им е потребно навечер отколку наутро.
  6. Доколку Вашата цел е дефиниција на мускулите, тренинг после работа е идеално време за Вас. Во попладневните часови, мускулите се полни со кислород па и самииот тренинг е полесен.
  7. По стресен работен ден, најдобар начин да се релаксирате и да се одлободите од негативната енергија е вежбањето.

Слушајте го Вашето тело, одберете го вистинското време за тренинг, и не заборавајте, само со редовна физичка активност ќе го оддржувате Вашето тело здраво, ќе имате идеална физичка форма и добар изглед.