Сите знаеме колку повеќечасовната работа во канцеларија може да биде заморна. 8 часа поминати на столче пред компјутер, и на сето тоа тесна и неудобрна облека може да биде навистина исцрпувачки. Но постои нешто што може бар малку да ни помогне полесно да го поминеме работниот ден. Тоа е спортската облека.

Многу истражувања покажуваат дека удобната облека и облеката во која се чуствуваме добро и опуштено, ја зголемува нашата продуктивноста и мотивираност за работа.

Casual Friday или на македонски Опуштен Петок е ден во неделата кога вработените можат да дојдат на своите работни места во патики и спортска облека. Идејата за ден без костуми и официјални чевли потекнува од Америка, а многу брзо се проширила и низ целиот свет. Се размислувало да се изнајде начин како на вработените да им се подигне моралот, желбата за работа и да им се даде прилика да ја искажат својата индивидуалност и карактер, а да не се потрошат премногу пари. Резултатите од тие размислувања го прават Cesual Friday, потполно бесплатна, но многу ефективна идеја.

Рецептот е едноставен: задоволни работници = успешна компанија.

Во Америка во 1992 година само 24% од компаниите ја прифатиле оваа идеја, додека во 1999 година Casual Friday практикувале повеќе од 90% од команиите на овој континент. За жал нашата земја не може да се пофали со волкав процент, но се повеќе компании почуваат да ја прифаќаат “западната идеја”.

Постојат и оние кои се прашуваат дали навистина удобната и спортска облека наместо официјалната може да влијае на зголемување на продуктивноста на вработените. Истражувањата на оваа тема во 2013 година ни донесоа многу интересни резултати. Се разбира во позитива беше спортската наспроти официјалната облека. Дури 60% од сопствениците и менаџерите на комании кажаа дека петок во нивната компанија станал најпродуктивниот ден од целата недела одкако им дозволиле на своите вработени секој петок да доаѓаат на работа во спортска и опуштена облека. Работниците исто така се сложиле со своите шефови и изјавиле дека се попродуктивни во поопуштена атмосфера.

Истражувањата покажаа дека опуштениот стил на облекување го намалува стресот и анкциозноста на работното место. Нема да треба да се грижите дали Вашата кошула е перфектно испеглана или дали Вашите чевли имаат доволно сјај. Нема да размислувате дали Вашиот колега е подобро облечен од Вас и нема да треба да седите 8 часа во неудобна и тесна облека.

Не заборавајте дека едни од најмоќните компании во светот го отфрлија официјалниот dress code и го заменија со лежерен и спортски стил.

Дозволете им на Вашите вработени “Опуштен петок”, дајте им малце слобода, создадете супер атмосфера за работа и резултатите во Вашата компанија ќе си дојдат сами по себе.