Вежбањето е како здравата исхрана, четкање на забите со конец или секојдневна грижа за Вашето тело. Знаеме дека има позитивен ефект врз нашето здравјето, ни помага да да го изгубиме вишокот килограми, го намалува нивото на стресот, го подобрува расположението, но сепак вешто го избегнуваме.

Иако сите знаеме колку вежбањето е корисно, малкумина се оние кои редовно и правилно вежбаат. Прифаќањето на здрави навики и почнувањето со вежбање може да биде многу тешко и наизглед невозможно, но не е се баш така црно. Еве неколку корисни совети кои ќе Ви помогнат да се мотивирате и што поскоро да почнете да вежбате.

1. Нема одложување

Започнете веднаш, започнете денес. Луѓето се вистински експерти кога треба да изнајдат изговори зошто не можат веднаш да започнат со вежбање. Можат да изнајдат најмалку 10 изговори. Но, зошто да не направите 20 стомачни наместо да лежите и гледате телевизија, зошто да не се прошетате од работа до дома наместо да се качите во автомобил, или зошто не одберете здрав појадок и не го прескокнете виното што го пиете со вечерата. Важно е да започнете со нешто. Но сега веднаш, не утре!

2. Одберете ја активноста која најмногу Ви одговара

Што повеќе Ви “лежи”? Фитнес, аеробик, групни активности или јога? Важно е да се запишете на тоа што најмногу Ви одговара. Почнете со една активност а понатаму правете си план и комбинација на различни спортови и вежби за уште подобри резултати.

3. Немојте постојано да се мерите

Избегнувајте чести мерења бидејќи тоа може да Ве демотивира. Фокусирајте се на вежбањето, не на килограмите. Немојте да си го расипете доброто чуство после завршениот тренинг.

4. Комбинирајте различни видови вежби

За да не ви стане досадно а вежбите монотони, Ви советуваме да комбинирате неколку типови активности. Одете во теретана, на пливање, на тенис. Наредната недела обидете се да вежбате јога или пилатес. Комбинирајте, така резултатите ќе ви бидат подобри а секое одење на тренинг интересно.

5. Правилна мотивација

Нека вашата мотивација биде љубов. Целта на вашиот тренинг е повеќе од тоа да изгледате најубаво на годишнината од Вашата матура или да си купите еден број помали фармерки. Зошто да не вежбате за да се ослободите од негативноста и да станете по трпелива чичност? Зошто да не вежбате за да го зголемите лачењето на хормоните на среќа и да бидете порасположени? Зошто да не вежбате за сопственото здравје?

6. Купете си нова облека за вежбање

Добрата тренерка која Ви одговара совршено може да биде одличен мотиватор за вежбање. Стара тренерка и искината маица не е најдобрата мотивација, без разлика дали вежбаат дома или одите во теретана. Купете си квалитетни патики, купете си ја тренерката која најмногу Ви се допаѓа и право во сала.

7. Дајте си време

Вежбањето во почетокот може да Ви изгледа како невозможна миција. Можеби ќе се чувствувате смешно или дури и глупаво додека вежбате првите неколку пати. Но немојте да се откажувате. Секоја промена бара време. Секоја нова навика бара трпение. Бидете упорни и мотивирајте се на различни начини.