Ги соблековме официјалните чевли и облековме патики!

На 18 октомври се оддржа првата национална кампања “Спортска Канцеларија”.

Целта на оваа кампања беше да го насочиме вниманието кон превенција и надминување на последиците врз здравјето од недостаток на физичка активност. Се надеваме дека со оваа кампања ги инспириравме сите вработени да најдат време и желба да спортуваат и да бидат активни преку целата година.

Да превземеме превентивни мерки заедно!

60% од населението никогаш нема спортувано, а 2/3 се со надпросечна телесна тежина. Физичката неактивност е четврти водечки фактор на ризик за смртноста на глобално ниво со 6% од смртните случаи. Таа е главна причина за предизвикување на рак на дојката и рак на дебелото црево, како и една од главните причини за појава на дијабетес и срцеви заболувања.

Тимот на Sportmaster им се заблагодарува на сите компании кои ја поддржаа оваа кампања. Повеќе информации за тоа како поминал настанот може да добиете на следниот ЛИНК.