Кога станува збор за вежбањето, трендовите често се менуваат и постојано се појавуваат нови начини и програми за вежбање. Апсолутен хит во последно време е крос фит-от. Зошто е тоа така прочитајте подолу.

Верувајте им на Вашите пријателите кога ќе Ви кажат дека крос фит-от не е “досадна” активност

Можеби сега Ви изгледа помалку чудно и не толку гламурозно да вежбате со камионски гуми и вреќи полни со песок, но само после неколку часа сите овие “чудни” вежби ќе Ви станат интересни и ќе сакате да испробате нови.

Не мора да бидете професионални спортисти за да почнете да вежбате крос фит

Сите почнале од почеток, без разлика дали се работи за тотален аматер или професионален спортист. Секој работи со својот интензитет и сила. Секој почеток е тежок. Вежбајте онолку колку што можете да издржите. Не претерувајте. Ако чуствувате болка за време на вежбањето, направете пауза и посоветувајте се со тренер.

Резултатите ќе ги видите само ако се придржувате до правилата

Како и секоја друга активност, и крос фит-от, колку и да звучи сурово, ќе Ви даде резултати само ако се придржувате до основните правила. Одете редовно на тренинг, не се откажувајте, јадете помалку отколку што трошите, и обидете се начинот на исхрана да биде Ваш соработник а не непријател. На крајот на денот, видливите резултати ќе бидат Вашиот најголем мотиватор.

И уште многу други предности…

Доколку правилно и редовно вежбате крос фит, без сомнение ќе ги изгубите вишокот на килограми. Покрај тоа ќе станете дел од една кул екипа, во која сите ќе имате иста цел и меѓусебна мотивација. И се разбира како една од најважните предности е Вашето здравје, се поголемата издржливоста и се подобрата форма.

Заборавете на Вашето его, внимавајте на техниката и интензитетот на вежби, јадете добро избалансирана храна, и вежбајте онолку колку Вашето тело Ви дозволува.

Со твојата Спортмастер картичка, крос фит можеш да вежбаш на неколку локации. Погледни ТУКА кои се, и право во сала.