Вежбањето се смета дека е лек за скоро сè во животот, од депресија, до губење на вишокот килограми.

Вежбањето не мора да биде наша најголема “ноќна мора”. Доволни се само 30 минути дневно за да го одржиме добриот изглед и доброто здравје.

Што се случува со нашето телото доколку секојдневно вежбаме, прочитајте подолу.

За време на тренингот…

Се зголемува брзината на нашиот метаболизам, како и протокот на крвта. Протокот на воздух пак се зголемува од 9 литри (кога мируваме) на 100 литри по минута, а подобрената циркулација им овозможува на ќелиите да внесат повеќе кислород и нутритиенти од крвта.

Веднаш по тренингот…

Телото почнува со варење на протеините и јаглехидратите 4 пати побрзо, па така и вишокот на килограми се губат побрзо, а мозокот почнува да лачи ендорфин, кој го подобрува расположението и не прави посреќни.

По неколку часа од тренингот…

Крвниот притисок се враќа во нормала. Многу полесно заспиваме, а квалитетот на сонот значително се подобрува. Стануваме се посигурни во себе, а нашата самодоверба се поголема.

По неколку недели редовен тренинг…

Капацитетот на плуќата се зголемува. Се подобрува нивото на хемоглобин во крвта и бројот на црвени крвни зрнца по кубен милиметар се зголемува од 5 милиони на 6 милиони. Се зголемува и нивото на лимфоцити во крвта, па имунолошкиот систем е се појак. Телото го регулира нивото на шеќер во крвта многу полесно одколку кога не сте активни.

По неколку месеци редовен тренинг…

Се помалку чуствуваме негативна енергија и стрес. Поотпорни сме кога станува збор за нагли промени во расположението. Кислородот во мускулите се зголемува и микроциркулацијата на крвта се подобрува. Се зајакнува нервниот систем, брзината на трансфер на нервните импулси, па така се подобрува и активноста на мозокот. По неколку месеци редовен тренинг, мускулниот систем станува појак, мускулите поголеми, а коските поотпорни и посилни.

По неколку години редовен тренинг…

Мотивацијата е на завидно високо ниво. Животните очекувања ни се зголемуваат. Здраствените проблеми се намалуваат, а нашето тело многу поспоро старее.

Не чекајте, препуштете се на спортот!