Како што температурите опаѓаат, многумина од нас скоро и да забораваат на правилната и здрава исхрана, а со тоа и на сопственото здравје.
Без оглед на времето и годишното доба, здравјето треба да биде наш приоритет.
Не заборавајте, комбинација од тренинг и здрава исхрана е најдобриот и најефикасниот начин за оддржување на здравјето и совршената линија, па затоа Ви претставуваме неколку совети за како да се храните оваа зима. Започнете да ги практикувате следниве совети и да ги направите Ваша секојдневна рутина:
1. Избегнувајте преработена храна и храна со премногу шеќер
Јадете свежо овошје и зеленчук. Јадете житарки и разни семиња. Здравата исхрана и внесувањето квалитетна храна ќе Ви даде повеќе енергија и подобри резултати доколку вежбате.
2. Пијте повеќе вода
Запаметете, хидратацијата е многу важна! Кога сте хидрирани, ќе се чувствувате полесно и подобро. Непотребно е да се каже, но да повториме уште еднаш, пиењето доволно вода ја одржува функцијата на виталните органи и е од огромно значење за Вашето здравје.
3. Внесувајте повеќе протеини
За да ја одржите мускулната маса и да изгубите тежина, дневно треба да консумирате 1 грам протеини на секој Ваш килограм. Протеините се обработуваат побавно во телото, па затоа ќе бидете подолго сити.
4. Избегнувајте газирани сокови и алкохол
Не е тајна дека газираните сокови и алкохолот се полни со шеќери и калории, и треба што е можно повеќе да ги избегнувате. Вештачките засладувачи ја зголемуваат потребата за внес на шеќер, создаваат зависност, и се голем непријател на Вашето здравје.
5. Внесувајте храна со повеќе влакна
Внесувајте повеќе храна која е полна со влакна. Слабеењето и храната полна со влакна се тесно поврзани. Влакната инаку му помагаат на дигестивниот систем да функционира подобро и поефективно.