Низ историјата бенефициите континуирано се развивале, и постепено ја зајакнувале својата улога. Ова со сигурност се должи на законските регулативи во една држава, но највеќе на се повеќе зголемената свест на компаниите за важноста на привлекување и задржување на квалитетните работници.

Бенефициите и денес се во фаза на развивање и подобрување. Стануваат се поразновидни, и се повеќе влијаат на животниот стандард на вработените. Постојат бројни трендови кога се во прашање современите, нематеријални бенефиции, како што се разни флексибилни програми, каде компаниите им даваат на своите вработени право на избор, или бенефиции кои се прилагодени на стилот на живот на вработените, и бенефиции кои влијаат врз намалување на стресот, немотивираноста и личното незадоволство. Според направените истражувања голем дел од вработените се одлучуваат за спортските програми и програми за релаксација и забава после работното време.

Пример за ваков тип на бенефиции е  Sportmaster.

Sportmaster е иновативна програма за спорт и релаксација, со која сите вработени од својата компанија добиваат картички со кои можат да го одржуваат своето здравје и енергија, одбирајќи што сакаат, каде сакаат и кога сакаат да спортуваат или да се релаксираат заедно со своите колеги и пријатели.

Со воведување на ваков тип на бенефиции за спорт и релаксација, компаниите стануваат поинетересни за нивните сегашни, но и за нивните потенцијални идни вработени.

Бенефициите имаат големо значење и за компанијата и за вработените. 

Имено, за една компанија е многу важно во секое време да ги има потребните човечки ресурси, но не само како бројка, тука како квалитет. За да компанијата успее во задржување на квалитетните работници и привлекување нови, мора да се издвои од своите конкуренти и да биде што попривлечна компанија за идните вработени. 

За потенцијалните вработени, бенефициите значат дополнителни придобивки кои ќе им го олеснат секојдневието и затоа тие секогаш ќе го одберат оној работодавец кој им нуди повеќе бенефиции и придобивки, од оној кој им нуди само задоволителни месечни примања.

Бенефициите влијаат и на однесувањето на вработените. Вработените се чуствуваат посреќно, позадоволно и посигурно, па затоа е зголемена продуктивноста а намалени се флуктациите и отсуствата на вработени во таа компанија. 

Бенефициите исто така се одраз на социјалната одговорност на една компанија кон вработените и нивните семејства. Компаниите со ваков тип на бенефиции покажуваат дека се грижат за своите вработени и имаат почит кон нив и нивните семејства.

Не заборавајте, добро дизајнирана програма на бенефиции која ги задоволува индивидуалните желби и потреби на вработените, значително ја зголемува продуктивноста, мотивираност и ангажираноста на вработените. 

Бидете компанија за пример, бидете компанија која се грижи за своите вработени и компанија во која сите сакаат да работат.