Почитувани, поради новонастанатата состојба предизвикана од актуелното заболување (Ковид-19), сакаме да Ве известиме дека по препорака на Министерството за здравство, поголемиот број од спортските објекти ќе бидат затворени до 24.03.2020. 

Sportmaster картичките остануваат активни и ќе може да се користат од Вторник 24.03.2020. За сите денови кои не се искористени во месец Март, ние ќе излеземе во пресрет на сите корисници и ќе ја намалиме цената на користење за месец Април соодветно на изгубените денови за спорт и рекреација од месец Март.

Доколку има одредени промени кај нашите партнери (спортски објекти), сите информации ќе можете да ги добиете на https://sportmaster.mk/locations како и преку нашите социјални мрежи. 

Во меѓувреме, не се лишите од физичка активност, jадете избалансирана и здрава храна и внесувајте витамини и минерали во Вашето тело. Ова може само да го зајакне Вашиот имунитет и да ја зголеми отпорноста од вируси и инфекции.

Грижете се за себе и за другите!

Ве потсетуваме на препораките од Светската Здраствена Организација, како да се заштитите од вирусот Ковид-19:

  • Мијте ги рацете редовно, сапунот или гелот за раце можат да го убијат вирусот
  • Избегнувајте допирање на очите, носот и устата 
  • Избегнувајте ракување и прегрнување
  • Не се приближувајте до луѓе кои кашлаат, киваат или имаат температура
  • Пијте повеќе вода и топли напитоци