Зошто ја губиме мотивацијата за вежбање и како да ја вратиме?

Знаеме, поубаво Ви е дома во кревет отколку во теретана. Мотивацијата ја изгубивте, не внимавате повеќе на исхраната, враќањето во теретана Ви изгледа невозможна мисија (кога размислувате на тоа од лежечката позиција во која сте сега), но не е крај на светот.

Не се чуствувајте виновни зошто не сте вежбале подолг период.

Причините зошто треба да вежбаме се поделени во три различни групи кои се тесно поврзани помеѓу себе:

Физички причини – Преку вежбањето постигнуваме физичка трансформација. Стануваме посилни, имаме поголема издржливост и зголемена физичка моќ.

Когнитивни причини – Вежбаме затоа што знаеме колку вежбањето е добро за нас. Според сите истражувања, редовното вежбање е идеално за нашиот организам. Редовното вежбање го оддржува нашето здравје, го забавува процесот на стареење и му помага на мозокот подобро да функционира и да ги спречи менталните дегенеративни заболувања. На кратко, со вежбањето обезбедуваме подобар квалитет на животот.

Афективни причини – Вежбањето е нашиот лек за подобрување на расположението и намалување на стресот.

“Тајната“ формула за враќање во сала по “големиот одмор”:

Заборавете на вината. Сите ние, во одреден момент ја губиме мотивацијата за вежбање и знаеме да се затвориме во соба и лежиме во кревет со денови. Не сте единствени, сите имаме таков период во животот, но тој период заврши, станете, подгответе се и право во сала, одморот заврши!

Поставете си реални и изводливи цели. Земете ја во предвид Вашата моментална физичка спремност. Почнете со пократки и помалку интензивни тренинзи.

Поддршка. Вежбајте со Вашите пријатели. Се е полесно кога не сте сами.

Информирајте се. Следете ги најновите спортски трендови, прочитајте кои вежби се најдобри за она што сакате да го постигнете и направете си план за вежбање.

Успех. Разликата помеѓу „Вие“ кога бевте на врвот на Вашата “вежбачка кариера” и „Вие“ сега, кога можете да истрчате само 5 круга во сала е голема, знаеме. Но добрата вест е дека некогаш сте биле на врвот, што значи дека можете повторно да го направите тоа. Не се оптоварувајте, се ќе си дојде на свое.

Одморот заврши. Полни сте со нова енергија и спремни сте за во сала!