Поради тоа што Корона вирусот продолжува да предизвикува загриженост во целиот свет, луѓето што вежбаат се скептични кон споделување на опремата, гардеробите и крпите во местата за вежбање. Иако вирусот тешко преживува на високо дезинфицирани површини, фитнес професионалците се многу претпазливи. Но, избегнувањето да се изложите на бактериите кои ги има во салите за вежбање не значи дека треба да ги жртвувате придобивките кои сте ги стекнале од досегашната активност. Постојат голем број на вежби кои можете да ги направите дома со минимална опрема за да добиете целосен тренинг.

Еве што професионалците препорачуваат за да останете во добра форма, дури и ако сте во карантин.

BURPEES

Секако дека вежбањето во домашни услови не може да замени интензивна тренинг сесија, меѓутоа постојат многу начини да вежбате во вашата дневна соба. Не ви е неопходна теретана за да бидете фит, освен ако сте хард кор кревач на тегови. Просечен човек може да биде да остане во форма и во удобноста на својот дом. На врвот на листата со вежби треба да бидат burpees. Без разлика на вашата форма, во фитнес спектарот не постојат многу вежби што се толку едноставни, а имаат толку голем ефект како нив. Не мора да направите 100 веднаш, иако се препорачува да почнете со сет од неколку серии зависно од вашата физичка спремност. Неколку серии со 5-10 burpees е одлична појдовна точка. Потоа продолжете со ист број на склекови, чучњеви и mountain clumbers. Повторете го ова неколку пати за да направите еден лесен тренинг за целото тело. Ако барате поголем предизвик направете 100 burpees за 5 минути или вкупно 150 одеднаш, меѓутоа внимавајте да не се прецените, па да добиете воспаление на мускулите.

НЕ ГИ ЗАБОРАВАЈТЕ ДРУГИТЕ ВЕЖБИ КАКО СКЛЕКОВИ И ЧУЧЊЕВИ

Доколку не ги сакате burpees или едноставно сакате разновидни вежби, постојат и други активности кои ќе ви зајакнат различни делови од телото и ќе ви понудат различен степен на тежина. На пример, air squats може да прави секој и на било која локација. Аir squats, lunges, mountain climbers и склекови се основни движења и тие може да се комбинираат во сите други видови на вежби. Самото комбинирање на овие основни движења едно по друго, ќе ви даде брз ефект кога вежбате дома. За уште поголем ефект кога правите squat или lounge направете задржување кога сте во долна позиција или станете до пола па повторно вратете се во долна позиција и на крај исправете се. На овој начин ќе направите поголем напор на вашите мускули и од едноставното движење ќе направте поголем предизвик со што ќе постигнете и поголем напредок во вежбањето.

Или ако сте загрижени дека ви фали кардио само додадете скок на крајот на секое движење. Ваква експлозивна промена, особено ако се комбинира со други движења, може да ви овозможи одлично вежбање дури и кога немате доволно време или простор. На пример, место обичен squat направете сет од 10 squat со скок, продолжете со сет од 10 обични squats и на крајот спуштете се и држете ја таа позиција 15-30 секунди за поголем ефект. Повторете го ова неколку пати за комплетен тренинг.

БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ КОРИСТЕЈЌИ ГИ ПРЕДМЕТИТЕ ВО ДОМОТ КАКО ФИТНЕС АЛАТКИ

Не ви е потребно ништо друго освен вашата телесна тежина за да вежбате, но ако сакате да додадете разновидност, неколку предмети во домот може да ви помогнат во тоа.

Столот, на пример, може да го искористите при правење на squats – подигнете се со рацете додека седите и спуштајте се додека задникот не го допре седиштето од столот. Истиот стол може да го искористите и за затегнување на горниот дел на телото – позиционирајте ги рацете зад вас на седиштето од столот, спуштете ги нозете на подот пред вас и полека спуштајте се и подигајте се. Со оваа вежба ќе ги зајакнете вашите трицепси.

Ако сакате на вежбањето да додадете повеќе тежина, при правењето на squats, lunges, sholder presses и други движења земете во рацете шишиња со вода кои ќе ги искористите како тегови, а секако ќе ви се најдат и за хидратација после тренингот. Овие вежби се доволни за да бидете активни секојдневно, а ако сакате повеќе движења, со едноставно пребарување на интернет лесно ќе најдете.

БЕЗ РАЗЛИКА КАДЕ ВЕЖБАТЕ, ЗАДРЖЕТЕ ГИ ДОБРИТЕ НАВИКИ КАКО ПОСТОЈАНО МИЕЊЕ РАЦЕ, ДОБАР СОН И ЗДРАВА ХРАНА

Кога вежбате во домашни услови мора да практикувате здрави навики за да не се разболите. Постојано мијте ги рацете, земајте течности и секогаш избришете го подот после вежбање за да не остане некоја капка пот. Бидете повнимателни со личната хигиена. На крајот не ја потценувате важноста на добриот сон и конзумирајте свежа и здрава храна.