Позитивни, креативни, корисни, интересни и забавни активности идеални за “овие” денови на самоизолација.

1.Гледајте филмови.

Сега имате доволно време за Вашите омилени филмови и серии. Почнете да ја гледате серијата “Пријатели” од почеток или направете “Хари Потер” маратон. Плус препорака: “Паразит”, “Малите жени”, “1917”, “Малиот Џо”…

2. Медитирајте.

Знаеме, знаеме..Медитацијата не е лесна работа но сега имате доволно време да пробате нешто ново, а во исто време да се ослободите од стерсот и негативните мисли овие денови.

3. Вежбајте.

Можеби подобро звучи да лежиме во кревет две недели, но сигурно тоа не е подобро и за нашето тело. Постојат безброј вежби кои можете да ги направите дома, одвојте 30 минути наутро и останете фит.

4. Tik-Tok.

Правете смешни видеа со Вашето семејство. Ќе се насмеете и Вие и луѓето кои ќе ги гледаат Вашите видеа.

5. Читајте.

Сега е вистинското време да прочитате некоја добра книга. Наши предлози се: “Долга светла река” од Лиз Мур, “Убавината на твоето лице” од Сахар Мустафа, “Ноќниот тигар” од Јангци Чу, “Кари Мора” од Томас Харис, “Сестрана госпоѓа” од Џенифер Вајнер…

6. Преуредете го Вашиот дом.

Направете реорганизација во Вашата кујна, во Вашите плакари и фиоки. За дополнителна инспирација можете да го погледнете документарецот “Tidying Up with Marie Kondo” на Netflix, и да добиете совети за правилно виткање на чорапите. Да да, постои правилен начин на виткање.

7. Направете си работно катче.

Доколку работите од дома, зошто да не си направите мини канцеларија. Мала работна масичка, Вашиот лап-топ, Вашите нотеси и документи, Вашето омилено цвеќе и неколку испишани пораки за мотивација Ви се доволни.

8. Градина.

Ако имате доволно среќа да живеете во куќа, излезете и засадете нови цвеќиња, пефарбајте ја старата ограда, поставете нови светилки…

9. Вратете се во минатото.

Извадете ја кутијата со стари фотографии, направете колаж од Вашите најсмешни фотографии од детството, и “предизвикајте” ги и Вашите пријатели да го направат истото.

10. Научете нешто ново.

Постојат безброј туторијали за шминкање, цртање, online курсеви за странски јазици или научете некој нов танц.

11. Виртуелна дружба со пријателите.

Останете во контакт со Вашите пријатели. Секој во својот дом, направете видео група и виртуелна дружба.

12. Испланирајте го Вашето следно патување.

Кога се ова ќе помине, одиме на патување! Испланирајте го детално, одберете ја Вашата омилена дестинација и бидете подготвени.

Останете дома, разведрете се и останете здрави!