Што е детоксикација?

Детоксикација е чистење на организмот од токсини, тешки метали и вишок течности, кои се акумулираат и се внесуваат секојдневно во организмот преку храната, пијалоците, цигарите, алкохолот и лековите. Детоксикацијата на организмот ги ревитализира клетките и ја подобрува функцијата на органите. Детоксикацијата има позитивен ефект врз зголемувањето на енергијата, концентрацијата, менталниот капацитет, слабеењето, целулитот и кожата.

Пролетта и убавите сончеви денови, се идеално време за чистење на телото од токсините. Денес, кога се соочуваме со многу стрес, вируси, штетно зрачење и нездрава храна, детоксикација на телото е потребна повеќе од кога и да било.

Придржувајте се до овие совети најмалку 15 дена и “разбудете” го Вашето тело.

1.Избегнувајте рафинирана храна (бело брашно, шеќер, масла)
2.Избегнувајте конзервирана храна
3.Не пушете цигари и не пијте алкохол
4.Намалете го внесот на месо и млечни производи
5.Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук
6.Избегнувајте кафе
7.Не јадете мрсна и пржена храна
8.Пијте најмалку 3л вода во текот на денот
9.Спортувајте и пешачете повеќе од вообичаеното
10.Вклучете додатоци во исхраната засновани на зелени алги, тинктури од билки и пијте повеќе билни чаеви

Сè почесто нутриционистите велат дека не е неопходно да се подготвубаат специјални шејкови или да се придржувате до ригорозни диети за да направите детокс на Вашиот организам. Тајната на детоксот лежи во правилниот избор на храна и течности, и избегнување на нездравите намирници.

Направете двапати годишно детокс на Вашето тело, спречете ги несаканите болести и направете му “refresh” на Вашиот организам.