Ве известуваме дека во Петок 19.06.2020 по втор пат, ќе се оддржи настанот “Спортска Канцеларија” за промоција на активниот и здрав начин на живот.

Целта на оваа кампања беше да го насочиме вниманието кон превенција и надминување на последиците. врз здравјето од недостаток на физичка активност. Се надеваме дека со оваа кампања ги инспириравме сите вработени да најдат време и желба да спортуваат и да бидат активни преку целата година.

спортска канцеларија

Да превземеме превентивни мерки заедно!

60% од населението никогаш нема спортувано, а 2/3 се со надпросечна телесна тежина. Физичката неактивност е четврти водечки фактор на ризик за смртноста на глобално ниво со 6% од смртните случаи. Таа е главна причина за предизвикување на рак на дојката и рак на дебелото црево. Како и една од главните причини за појава на дијабетес и срцеви заболувања.

Ве повикуваме да прогласите “Спортска канцеларија” и заедно со сите вработени да посветите еден час на спорт и забава.

спортска канцеларија

Повеќе за кампањата “Спортска Канцеларија” можете да прочитате на: https://sportmaster.mk/sportskakancelarija

Соблечете ги официјалните чевли, облечете патики и спортувајте!