Некои работи, како по правило, за жал секогаш се случуваат. Без оглед на тоа колку редовно вежбате, порано или подоцна од некоја причина мора да направите пауза.

Ќе прескокнете еден тренинг, па уште еден, па потоа ќе си речете дека повторно ќе почнете да тренирате од следниот понеделник…

Секако дека пауза од еден или два дена е добредојдена затоа што така ќе им дадете на мускулите шанса да се опорават. Но што се случува кога ни после недела или две  сеуште не почнавте да вежбате? Дали се тоа што претходно го постигнавте едноставно ќе се поништи или не ви преостанува ништо друго освен да почнете од почеток?

Општо правило е дека колку сте во подобра форма толку на Вашите мускули ќе им треба повеќе време. Време да се вратат во состојбата која е последица од неактивноста и Вашето тело да ја сфати пораката дека повеќе не вежбате и нема потреба повеќе да ги гради мускулите. Секако пауза од седум дена нема да Ви наштети. Меѓутоа некои научни студии покажуваат дека е доволно само 14 дена без активност за значајно да се намали нивото на физичка спремност, мусклулната маса и осетливоста на мускулната маса на инсулин. Сепак за целосна загуба е потребно околу два месеци без физичка активност.

Вашите секојдневни активности, како пешачење и зборување имаат потреба од одредено ангажирање на мускулните влакна тип 1. Од друга страна, мускулните влакна од тип 2. со Вашите секојдневни активности ги ангажирате во мала мера. Со самото тоа, кога ќе престанете со вежбање побрзо доаѓа до атрофирање на мускулните влакна од тип 2. односно побрзо ќе ја изгубите силата за кревање тегови, отколку силата да истрчете 10 километри.

На крај дали Ви треба одмор од тренинг?

Ако направите ден или два пауза во рамки на вашата тренинг програма, тоа може да биде добро за Вас. И повеќе, ако паузата од тренинг е една до две недели, нема да имате некои поголеми последици. Меѓутоа, секоја подолготрајна пауза ќе има значителен ефект на Вашата способност за спортска активност. Кога ќе одлучите да му се вратите на тренингот тоа мора да го направите постепено. Првата недела од Вашиот тренинг треба да содржи полесни вежби, за да можат мускулите да се навикнат на напорите на кои порано биле изложени. Доколку паузата во тренирање не била предолга, веќе наредната недела би требало да тренирате со ист интензитет како и пред паузата.