Сок од аронија – здравје во една чаша. Аронијата во последниве години привлече големо внимание. Се поради нејзината јака виолетова боја и скоро црната пигментација како резултат на густата содржина на полифеноли и антоцијани. Според истражувањето, утврдени се 1480 мг антоцијанини на 100 g, додека содржината на полифеноли е измерена на 1752 мг на 100 г во свежи зрна аронија што е зачудувачки, и неверојатно здраво.

Анти-канцерогено својство

Главна компонента што им се препишува на повеќето здравствени придобивки од ова овошје е група наречена полифеноли, кои се моќни антиоксиданти кои го штитат организмот од оштетување на клетките.

Против срцеви заболувања

Откриено е дека фенолите кои се наоѓаат во аронијата, ефикасно го ограничуваат атеросклеротичното оштетување предизвикано од срцеви заболувања.

Извор на антиоксиданси

сок од аронија

Студиите исто така докажаа дека аронијата е еден од најбогатите извори на антоцијани, поточно 100 грама аронија може да содржи дури 500 мг антоцијани. Сокот од аронија помага во зголемувањето на антиоксидантниот капацитет на крвта што го штити организмот од оксидативен стрес.

Здравје на уринарниот тракт

Друга придобивка за вклучување на аронијата во Вашата исхрана е фактот што таа помага во одржување на уринарниот тракт и го штити истиот од различни инфекции. Милиони луѓе од целиот свет страдаат од разни уринарни инфекции, а една од најпознатите е бактеријата ешерихијата коли. Симптоми вклучуваат често мокрење, и болка. Новите студии покажаа дека покрај брусницата, бобинки од аронија се исто така ефикасни во борбата против овие бактерии.

Контрола на телесната тежина

Исто така, се покажа дека сокот од аронија е корисен кога станува збор за регулирање на тежината на начин што телото не ги зачувува маснотии околу абдоменот. Друга дополнителна придобивка од користењето аронија е тоа што го подобрува нивото на липидите а со тоа му помага на организмот да произведе добар холестерол.

Други придобивки

Сокот од аронија може да биде многу корисен во случаи на артритис, хипертензија, воспаление, кардиоваскуларни состојби и други инфекции. Исто така, сокот од аронија ги зајакнува крвните садови, го поддржува природниот имунитет, го намалува крвниот притисок, па дури и го одложува процесот на природно стареење.

Со сите горенаведени факти, сега немате друг избор освен да почнете да пиете сок од аронија и да бидете здрави!