Завршивте со тренингот, станувате од справата за вежбање и трчате кон соблекувалната за да ја напуштите салата што е можно поскоро и да излезете надвор. Без разлика во кое време од денот вежбавте, ако се однесувавте на овој начин, најголемиот дел од Вашиот труд од претходниот час беше залуден. Правилната завршница е клучот за секој добрар тренинг и токму затоа резултатите се гледаат или не се гледаат на Вашето тело. Направиме краток список на работи што треба да ги „направите“ откако ќе се збогувате со последниот справа во теретаната. Последната фаза од тренингот е важна затоа што во неа мускулите се опоравуваат, зајакнуваат и се подготвуваат за следниот тренинг.

Смири се и оладете го Вашето тело

Кога вежбате, Вашето тело се загрева, пулсот и циркулацијата се зголемуваат, мускулите Ви се напнати. Кога започнувате да тренирате постепено го зголемувате темпото, тежината и бројот на повторувања на вежбите, па така треба да се однесувате и кога ќе завршите со тренингот, само во овој случај со обратен редослед, полека треба да го забавувате темпото. Значи, последниот километар, последната серија склекови или која било друга вежба со која го завршувате тренингот треба да ја направите со најбавно темпо за да го смирите Вашето тело, да го „оладите“ и да се вратите во нормала. Вашата цел е да ги намалите отчукувањата на срцето.

Истегнете се

После напорниот тренинг, она што Ви треба е мирно истегнување, медитација или јога вежба. И не заборавајте, ова треба да го правите после секој завршен тренинг. Истегнете ги рацете, вратот, рамената, нозете, колковите. Земете длабоко воздух, вдишете. Неколку минути истегнување ќе ја ослободи тензијата на мускулите и ќе ја намали болката која ја чуствувате, а во исто време ќе ја зголеми Вашата флексибилност и подвижност.

Пијте многу течности

Можеби веќе сме Ви здодевни, но уште еднаш да Ве потсетиме. Многу е важно да пиете доволно вода пред тренингот, за време на тренингот и по тренингот. Со потењето ги трошите Вашите залихи на вода и минерали во телото. Затоа пиењето вода или изотоникот се најважниот дел од секое закрепнување. Без доволно вода нема резултати.

Хранете се правилно

Вежбањето без соодветна правилна исхрана нема да Ви даде добри резултати. Јадете не подоцна од еден час по вежбањето. Оброкот што ќе го јадете треба да биде богат со протеини за да им помогне на Вашите мускули да се изградат. Одберете протеински шејк или протеински бар, грчки јогурт, кравјо млеко, пилешко месо, мисиркино месо или јајца.

Лична хигиена

Спортските сали и опремата се вистински преносители на бактерии доколку не се одржуваат правилно. Колку и да изгледа чисто, секогаш треба да бидете внимателни. Во сала носете си свој пешкир, чиста облека за вежбање, и удобни патики. По тренингот, истуширајте се, нанесете лосион на Вашата кожа и не заборавајте да ја фрлите испотена облека за перење.