Ако сакате дефинирани нозе и цврст грб (а кој не би сакал?) време е да почнете со велосипед. Останатите придобивки од ова ќе си дојдат природно.

Издефинирани мускули

Возењето велосипед е одличен кардио тренинг. Не само што го подобрува Вашиот кардиоваскуларен систем, туку и ќе го зголеми капацитетот на вашите белите дробови. Покрај тоа, на нивото на интензитет на кое се одвиваат овие тренинзи, Вие не сте во опасност премногу да ја зголемувате мускулната маса, наместо тоа, ќе ја тонирате и дефинирате.

Ги обликувате задникот и нозете

Ако не сакате да правите склекови или свиткувања во колена, а сакате да имате цврст грб и убави нозе, тренингот со велосипед е совршен за вас. Додека вртите со педалата, глутералните мускули се доста активни, така што голема е веројатноста кога ќе се симнете од седлото да имате малку подефиниран грб.

Возите велосипед кога сакате

Друга предност на возењето велосипед на затворено е што можете да вежбате кој било ден во неделата. Без оглед на временските услови надвор. Температурата во теретаната е секогаш идеална и може да тренирате редовно. Нема повеќе да се жалите на недостаток на патеки за велосипеди или на нерамен терен. Покрај ова, во моментот кога ќе настапи сончевото време вие веќе ќе бидете во завидна форма.

Вежбате континуирано

Возејќи велосипед во теретана Вие немате време да застанете и да направите селфи или да преминете улица. За разлика од возењето велосипед низ град, нема да мора да чекате зелено светло на семафорот. Возење велосипед во теретана подразбира постојано движење, дури и кога сакате да земете здив. На овој начин вашето тело интензивно ќе работи најмалку половина час.

Во тек сте со другите

Кога гледате просторија која е полна со луѓе кои возат и знаете дека сите тие се стремат кон истата цел – да го зголемат својот лимит, добивате мотивација да се качите на велосипедот и да држите темпо со нив. Најверојатно ќе се соочите со луѓе кои се поспремни од вас, но не откажувајте се и продолжите да педлате.