Бременоста е посебно искуство за секоја жена. Хормонални и физички промени на телото. Начинот на кој се менува нашето тело во текот на бременоста. И на крајот самото искуство на породувањето. Овие работи честопати може да бидат многу стресни за жените. Во таа смисла, дефинитивно е дека вежбањето за време на бременоста е добар избор. Се разбира, консултација со лекар околу Вашите тренинзи е задолжителна.

Докажано е – соодветно избраните вежби можат да придонесат не само за Вашата состојба и форма, туку и да го олеснат самото породување.

Избравме вежби кои одговараат најдобро на бремените жени. Тие не содржат лежење на стомак, како и интензивни кардио секвенци или интервали со скокање. Вежбите не се аеробни и не бараат посебни реквизити.

Мачка јога поза

Јогата се препорачува за време на бременоста па затоа постојат и специјално дизајнирани вежби за жени кои се бремени.

Има поволно влијание врз Вашиот ритам во дишењето, што ќе биде важно за Вас за време на породувањето, и има позитивен ефект врз карличните мускули, односно нивната еластичност. Оваа вежба е корисна затоа што ќе ја намали болката и напнатоста во долниот дел на грбот, што е честа појава особено во последните 3 месеци од бременоста.

Се потпирате на дланките – ниво на рацете со рамената, колената во прав агол. Земете длабок здив и наведнете се во грбот како мачка, држете ја таа позиција неколку секунди, а потоа вратете се на почетната позиција. Повторете ја вежбата 5 до 8 пати.

Вежби за карлица

Вежбите за карлицата се клучни, затоа што тие Ве подготвуваат за породување. Оваа вежба Ве зајакнува, на потполно неинвазивен начин и скоро без да го подигне Вашиот пулс.

Легнете на грб, ставете ги рацете до телото, свиткајте ги нозете на колената и потпирајте се на нозете. Од оваа позиција, подигнете ги задникот и карлицата нагоре. Започнете со 10 повторувања, а потоа зголемете ги повторувањата.

Пливање

Базен и пливање се одличен избор кога станува збор за препорачани активности за бремени жени. Секако, бидете умерени, немојте премногу да го подигнете срцевиот ритам, вежбајте бавно и опуштено темпо.

Предлог плус, се вежби за раце во базен, затоа што водата дава отпор, па ќе имате поголема ефикасност од вежбањето.

Не заборавајте, пред да започнете со вежбање, најпрво консултирајте се со Вашиот лекар. Уживајте во бременоста.