Дали навистина постојат строги правила кои треба да ги следиме за да може да кажеме дека се храниме здраво? Не. Сè што е строго е и краткотрајно, бидејќи е неодржливо на долг рок.

Секое екстремно ограничување или откажување од одредени намирници не може да биде трајно.

Нашиот совет е да размислите внимателно секој следен пат кога ќе решите да започнете со некоја диета и да се запрашате што навистина сакате да постигнете. Да не се лажеме, да изгубиме 10 или повеќе килограми не е некоја тешка наука, наука е да се одржи таа постигната телесна тежина. Само со намалување на вкупната количина на храна и калории кои ги внесуваме во нашето тело можеме да ја постигнеме нашата цел, односно намалување и топење на маснотиите. Постои разлика помеѓу добрите идеи за здрав начин на живот и оние што служат само за да Ви ги испразните џебовите и да Ве доведат во состојба на уште поголемо незадоволство.

Запомнете, здравата исхрана и здравиот начин на живот не поздразбира скапи намирници.

За одржување на телесната тежина и здрабо тело потребен е правилен начин на исхрана со привремено намален внес на калории и редовна физичка активност што е пријатна и интересна за Вас и Вашето темпо на живот.

Три до пет оброка дневно

Помали оброци, повеќе пати во денот. Немојте да заборавате на ужината. Едно јаболко или нискокалоричен кекс се наш предлог за вкусна ужина.

Вода и нискокалорични пијалоци

Хидрирајте се! Пијте најмалку 2л. вода во текот на денот. Наутро напијте се една лимонада со млака вода или пак вода со свежо нане и краставица. Водата е Вашиот најдобар пријател.

Овошје или зеленчук во секој оброк

Сирово, варено, печено или како го сакате највеќе, јадете го во секој оброк. Овошно смути за појадок или салата во комбинација со месо за ручек. Едноставно, брзо за припрема и пред се здраво.

Здрави масти

Внесувајте здрави масти. Јадете јаткасти плодови, авокадо, јајца, риба и гответе со маслиново масло. Здравите масти од овие намирници помагаат во намалување на лошиот холестерол, му даваат енергија на Вашето тело, ја подобруваат функцијата на мозокот и Ве одржуваат сити после оброкот.

Разновидни намирници

Јадете што е можно поразновидна храна. Зеленчуци има безброј, видови на месо и риба исто така. Направете си неделно мени, и во него вклучете што е можно повеќе различни видови на зеленчук, месо, риба и овошје. Запомнете, клучот е во разновидната исхрана, а не во откажувањето од некои намирници.