Дојде и тој ден. Конечно се враќаме во сала!

Ве известуваме дека сите наши партнери спроведоа целосна дезинфекција на спортските објекти согласно препораките и протоколите на Владата.

На влезовите на спортските објекти се поставени средства за дезинфекција, салите ќе бидат проветрувани после секој одржан тренинг, вработените и тренерите во секое време ќе носат заштитна опрема, а бројот на корисници на салата ќе биде ограничен.

Општи препораки при посета на некој спортски објект

  • Проверете дали е потребно закажување на термин за влез во објектот. Најдобро е да се јавите во објектот за да ве информираат 
  • Доколку чувствувате некои од симтомите на Ковид 19, Ве молиме да не ги посетувате спортските објекти
  • Внимавајте на растојанието, секогаш бидете на 2 метри одалеченост од другите луѓе во салата
  • За време на вежбањето не го допирајте лицето со раце
  • Користете свој пешкир 
  • Измијте ги рацете пред и после тренинг. Најдобро е секогаш да носите и средство за дезинфекција во Вашата спортска торба
  • По тренингот (по миење на рацете) потрудете се да не ги допирате кваките од просториите додека излегувате од спортскиот објект
  • Ако припаѓате на ризична група, најдобро е да се консултирате со Вашиот лекар пред да посетите некој спортски објект