Прочитајте кои се ризиците од недоволната физичка активност и за последиците по Вашето здравје.
Над 80% од адолесцентната популација во светот е недоволно физички активна.
Недоволната физичка активност е еден од водечките фактори за смрт во светот. Околу 3,2 милиони смртни случаи во светот се поврзуваат како индиректна последица од физичката неактивност. На глобално ниво, од четворица возрасни, еден е физички неактивен. Луѓето кои се недоволно активни имаат 20% до 30% поголем ризик од смрт во споредба со луѓето кои се секојдневно активни.
Неактивноста се должи и на прекумерното користење на моторни возила и лифтови при извршување на секојдневните обврски.

Наш совет: Наместо возило користете велосипед, наместо со лифт одете по скали, пешачете повеќе, еднаш во неделата одете на пливање и тренирајте некој спорт барем два пати неделно.
81% од младите луѓе на возраст од 11-17 години биле недоволно физички активни во 2017 година. Девојките биле по неактивни од момчињата, со 84% наспроти 78%.
На глобално ниво, околу 23% од луѓето на возраст од 18 и повеќе години не биле доволно активни во 2010 година (20% мажи и 27% жени). Во земјите со високи приходи, 26% од мажите и 35% од жените биле недоволно физички активни, во споредба со 12% од мажите и 24% од жените во земјите со ниски приходи. Нивото на физичка активност често варира со падот или зголемувањето на бруто националниот приход.

Физичката неактивност е глобален проблем на јавното здравство. Физичката неактивност се очекува да биде главна причина за предизвикување на рак на дојката и рак на дебелото црево со околу 21-25%, на дијабетес 27% и околу 30% на срцевите болести.