Сите активни вежбачи, како и оние кои се вљубеници во спортот, сигурно се прашуваат дали е безбедно да се оди во теретана за време на пандемија на коронавирусот.

Норвешкиот експеримент има добри вести за сите нас со ова прашање.

Студијата за ризикот од пренесување на коронавирусот во Осло откри дека луѓето кои одат во теретана немаат поголема тенденција да се заразат од оние кои не одат.

Епидемиологот Мате Калагер од Универзитетот во Осло направи едно големо истражување на оваа тема.

Калагер и нејзините колеги извлекоа заклучоци врз основа на 4.000 лица кои не беа тестирани за Ковид-19 во мај и јуни, кога бројот на заразени лица во Норвешка достигна 8.309 со 235 смртни случаи.

Иако спортските сали и теретани низ Норвешка сè уште беа затворени, на половина од учесниците им беше дадена можност да тренираат во пет спортски објекти. Сите учесници на експериментот се придржувале кон препораките од епидемиолозите, и внимавале на растојанието меѓу нив додека вежбале, а пак спортските објекти се придржувале кон владините протоколи, како што е чистење на справите по секоја употреба, проветрување на салите по секој завршен час, ограничен број на корисници на салата итн. Единствените луѓе што ги гледале учесниците во ова истражување биле другите вежбачи и персоналот во спортските објекти, односно нивните тренери. Повеќе од 80% од учесниците посетувале спортски објект барем еднаш неделно во двонеделниот експериментот, а дури 40% од нив вежбале дури 3 пати неделно.

Другата половина од учесниците во експериментот воделе нормален секојдневен живот, посетувале паркови, шопинг центри, кафулиња, но не и спортски објекти.

После двонеделениот период, двете групи биле тестирани на вирусот Ковид-19.

Резултатите од 1896 луѓе покажале дека никој од луѓето од групата која посетувала спортски објекти не бил позитивен на Ковид-19, освен за едно лице кое посетило една теретана во текот на двонеделниот експеримент, но се претпоставува дека е заразено на друго место.

Калагер и нејзините колеги пребарувале сеопфатни медицински јавни записи во Норвешка и откриле дека ниту еден учесник од оваа група во студијата не бил примен во болницата со симптоми поврзани со Ковид-19.

Резултатите пак од другата група на луѓе, кои воделе нормален секојдневен живот, се малце поинакви. 16 од вкупно 2023 луѓе се заразиле со вирусот Ковид-19. Следната клиничка студија на Калагер и нејзиниот тим ќе биде да се споредат ризиците од инфекција во новоотворените спортски сали во Осло кои имаат повеќе или помалку строги хигиенски мерки и правила и го почитуваат просторното растојание. Со далеку поголем број на вежбачи, студијата ќе може да обезбеди посилни докази за мерките за безбедност и хигиена во спортските сали.

Вежбајте одговорно! Почитувајте ги правилата и протоколите, и грижете се за Вашето и здравјето на луѓето околу Вас.