Може ли да внесуваме масти, доколку сакаме да изгубиме килограми – е едно од прашањата кое често го поставуваме, а одговорот ќе Ве изненади.

Доколку се обидувате да изгубите тежина, нездравите масти треба значително да ги намалите или да ги замените со здрави масти, односно со авокадо, лосос, маслиново масло, ореви и семиња. Сепак без оглед на фактот дека тие се здрави масти, не треба да ги консумирате во неограничени количини, затоа што може да го постигнете токму спротивното од посакуваната цел – и да добиете плус килограми.

Незаситени vs. заситени масти

Не заборавајте дека и храната која содржи заситени и храната која содржи незаситени масти е висококалорична. Незаситените масти, кои се наоѓаат во горенаведената храна, се богати со витамини и минерали, а освен тоа ги штитат кравните садови и спречуваат срцеви заболувања па дури и одредени видови на карцином. Но, без оглед, големината на порциите треба да биде Вашиот врвен приоритет, особено ако се обидувате да изгубите тежина.

Заситените масти, кои се наоѓаат во храна не треба да бидат поврзани со нарушувања на холестеролот. Важна е количината и изворот на мастите. Време да прифатиме дека без масти е невозможно да имаме здрав и функционален нервен и ендокрин систем. Она што е многу поважно е да се фокусираме на нивниот квалитет. И запомнете, не е исто ако изедеме 150гр. мисиркино месо и 150гр. торта од слаткарница.

Се препорачува соодносот на заситените и незаситените масти во исхраната да биде 10:30%

Мастите се неопходни за човечкото тело. Тие се енергетски резерват, и се неопходни за синтеза на хормоните и апсорпција на витамините растворливи во масти, како што се витамини А, Д, Е и К.

Препорачана количина за внес на маснотии во вкупниот дневен внес на енергија за возрасни е 20-35%. Ова значи дека умерено активна жена, со дневен внес на енергија од 2.000 kcal, треба да јаде помеѓу 44гр. и 78гр. масти на ден. Мажите со дневен внес на енергија од 2.500kcal треба да јадат помеѓу 55гр. и 97гр масти дневно.

Ако сакате да изгубите тежина, треба да пронајдете баланс во исхраната па така и во внесувањето на масти.

Заситените масти сведете ги на минимум, а внесувајте повеќе незаситени масти, мононезаситени и полинезаситени масти.

И за крај, заборавете на транс мастите. Заборавете на “junk food”. Заборавете ја нездравата исхрана.