Лето е, сите сакаме да изгледаме затегнато, потемнето, со што е можно помалку маснотии и целулит. Поради тоа, некои се свртуваат кон трчање, други кон теретана, други на спортски активности, а други пак веруваат дека ригорозна диета и прескокнувањето на оброците (најчесто вечерата) се најлесниот и најбрзиот начин да ги изгубат вишокот килограми.

Колку навистина го познавате Вашето тело и колку навистина го разбирате процесот на губење и добивање тежина, консумирање и согорување на калории и забрзување на метаболизмот?

Кои се најголемите заблуди и митови поврзани со вежбањето, исхраната, и губењето на килограмите?

Во продолжение прочитајте за најголемите заблуди, и заборавете ги!

Што повеќе вежбам, тоа подобро за мене и моето тело

Ние би кажале “што почесто” затоа што вежбањето бара континуитет и истрајност. Ако рекреативен спортист тренира 2 часа денес и повторно за 7 дена, нема да има резултати. За тренингот да биде ефективен, потребен е континуитет, т.е. ефектите од секое тренирање да „се потпрат“ на претходното. Ова значи дека оној што започнал да вежба и сака да постигне некаков резултат, треба да помине најмалку 45 минути до 1 час, 3 пати неделно на тренинг, бидејќи сè што е помалце од тоа е губење време.

Не мора да се грижам за исхраната доколку секојдневно вежбам

Иако вежбањето е многу важно за нашата витка линија и кардиоваскуларен систем, тоа може да биде целосно неефикасно ако се комбинира со лоша исхрана. Имено, самото вежбање не е доволно за да ги изгубите вишокот килограми. Вежбањето без самоконтрола за тоа што јадете пред и после тренингот може дури и да биде контрапродуктивно.

Броење на калориите

Многумина веруваат дека најважната работа додека сме на диета е броење на внесените и потрошените калории и правење правилна рамнотежа помеѓу нив. Сепак, тоа е грешка! Иако е важно да се измери количината на калории во организмот, многу е поважно да се следи изворот, составот и квалитетот на тие калории (шеќер, масти, јаглени хидрати) од самата количина.

Најдобра вежба за рамен стомак?

Не постои! Само со континуирано вежбање и правилна исхрана можете да имате рамен стомак.

Не смеам да јадем благо додека сум на диета

Правилна исхрана значи внесување на одредени препорачани количинина храна која содржи различни хранливи материи. Не постои штетна храна, има само штетни дози и комбинации. Јадењето храна која содржи премногу шеќер или маснотии може да Ви одмогне да изгубите килограми, но одржувањето на телесната тежина не бара целосно отфрлање на Вашата омилена храна. Ако го земете омилениот десерт или колач во умерени количини, тоа, како прво ќе има позитивен ефект врз Вашата психа, а второ, можете да го задоволите Вашиот глад и да го спречите последователното внесување на големи количини калории преку нов оброк.