Ако не ви се допаѓа Вашата работа па дури и ја мразите, тоа може да предизвика не само лично незадоволство и фрустрации, туку и дополнителни физички и ментални проблеми кои влијаат брз Вашиот секојдневен живот.

Тоа може да влијае на Вашата благосостојба, како и на односите со луѓето во и надвор од канцеларијата.

Ова се 6-те работи кои можат да Ви се случуваат доколку сте незадоволни и ја мразите Вашата работа.

Покачена телесна тежина

Ако не сте задоволни од Вашата работа и работите во нездрава средина веројатно ќе забележите дека Вашите килограми одат нагоре. Ова може да биде предизвикано од повеќе фактори. Прејадувањето е вообичаен механизам за справување со стресот. Најчесто се случува затоа што не сте задоволни од Вашиот работен ден и не сте мотивирани да вежбате после исцрпувачки поминат ден на работа.

Главоболка

Незадоволството на работното место може да доведе до секојдневни главоболки, па дури и до мигрена. Ова се главоболки од напнатост, кои се јавуваат кога Вашето тело се стега па протокот на крв во мозокот е намален.

Уморни или болни мускули

Кога сте несреќни и чувствувате напнатост, Вашите мускули несвесно се згрчуваат. Згрчените мускули можат да доведат до други болки во телото, како што се болки во грбот, болки во рамењата и други болки во мускулите и зглобовите. Ова најчесто им се случува на луѓето кога се наоѓаат во стресна средина во која е навистина тешко да се опуштат.

Несоница

Екстремен стрес и незадоволство може да доведе и до губење на сонот. Доколку постојано размислувате за Вашата работа на Вашиот ум ќе му биде многу тешко да се опушти, па Вашето тело нема доволно да се одмори и ревитализира.

Ментален замор

На ист начин на кој можете да доживеете физички замор, можете да доживеете и ментален замор. Недостаток на сон, заедно со дополнителен стрес доведува до ментален замор. Менталниот замор може да биде целосно исцрпувачки и да предизвика депресија. Менталниот замор исто така може да го отежни фокусот и продуктивноста, бидејќи никогаш не се чувствувате целосно енергично или одморено.

Ослабен имунитет

Сите горенаведени работи го слабеат Вашиот имунитет, а ослабен имунолошки систем може да доведе до болест. Не само што сте посклони на инфекции и вируси како што се настинката, болки во грлото и грип, стресот и незадоволството можат да му предизвикаат на Вашето тело да бара подолг период на опоравување отколку што е вообичаено за овие вируси.