Температурите стануваат сè пониски, но изборот на овошје и зеленчук станува се поголем. Здрави, богати со хранливи состојки, лесно достапни и многу вкусни. Овие плодови треба да ги вклучите во Вашето есенско мени.

Јаболко

Едно од најздравите овошја. Ова овошје е полно со антиоксиданти и содржи четири грама диетални влакна по порција. Не ја заборавајте кората бидејќи содржи многу здрави флавоноиди. Сезона: од август до декември.

Тиква

Слаткиот вкус и влажната текстура го прават овој зеченчук идеален за супи, пити, колачи, па дури и пудинг! Тиквата е богата со калиум и растителни влакна и е добар извор на витамин Б. Сезона: од октомври до февруари.

Карфиол

Идеално е како есенски и зимски прилог на сите јадења. Одличен е кога се приготвува на пареа, но исто така можете да го измешате и да направите пире кое ќе го послужите со некаков протеин. Можете исто така да го ставите во супа. Карфиолот штити од рак, го намалува холестеролот и е одличен извор на витамин Ц. Сезона: од септември до јуни.

Калинка

Ова кисело овошје е полно со антиоксиданти. Сокот е добра основа за маринади, а семето може да се додаде во салати за да се подобри вкусот. Истражувањето спроведено на UCLA покажа дека сокот од калинка има поголемо ниво на антиоксиданти од црвеното вино. Калинките се богати со витамин Ц и фолна киселина. Сезона: од септември до декември.

Мандарин

Овие мали и слатки плодови се вистинско освежување во есенските денови. Комбинирајте ги со бадеми, урми и мед. Измешајте го нивниот сок со масло, оцет и ѓумбир и направете одличен прелив за салата. Мандарините се добар извор на витамин Ц и бета-каротен. Сезона: од ноември до април.

Круша

Сладок и сочен вкус. Во различни рецепти тие можат да придонесат за неверојатен вкус. Тие се добар извор на витамин Ц и содржат четири грама растителни влакна по порција, што е идеално за ладните есенски денови. Сезона: од август до февруари.

Прокељ

Добро подготвен прокењ има божествен вкус. Сам по себе, прокељот има благ и помалку горчлив вкус, но одредени зачини во голема мера ќе го подобрат неговиот вкус. Прокељот е исклучително здрави, а половина чаша од овој зеленчук содржи повеќе витамин К од пропишаната дневна доза. Тој е добар извор на фолна киселина и железо. Сезона: од септември до март.