Експертите препорачуваат тренингот за подобрување на Вашата кондиција да биде комбинација од различни вежби, вежби за загревање и истегнување, во комбинација со кардио вежби. Се разбира, не заборавајте на секојдневните прошетки и брзото одење.

Овие вежби треба да го активираат секој мускул од Вашето тело. Сепак, тие треба да бидат мал предизвик, што значи дека со секој нов тренинг, вежбите мора да бидат за нијанса поинтензивни од претходниот пат.

Ова се најдобрите вежби за подобрување на Вашата кондиција.

Склекови

кондиција 2

Спуштете се на земја, потпрете ги дланките на подот, поставени во ширина на рамената. Грбот мора да биде исправен. Спуштете го горниот дел од телото кон подот, а потоа вратете се на почетната позиција. Повторете ја вежбата 7 до 10 пати.

Исчекор наназад

Држете го телото исправено, стапалата малку раздвоени, а рацете опуштени покрај телото. Додатен предизвик: во двете раце држете тег со тежина од 0,5 килограми или мало шише наполнето со вода. Направете исчекор наназад, а рацете кренете ги високо над главата. Постепено вратете се на почетната позиција и повторете ја вежбата со другата нога. Направете барем по 20 исчекори со секоја нога.

Чучнувања на една нога

Застанете на една нога. Полека спуштајте го телото кон подот и враќајте го во почетната позиција. Држете рамнотежа. Повторете ја вежбата наизменично со едната нога, а потоа со другата нога, 60 секунди.

Лакт – колено

кондиција 3

Легнете на грб, телото спуштете го на подот, со рацете свиткани до лактите под прав агол. Подигнете го горниот дел од телото, и допрете го десниот лакт со левото колено. Истата вежба направете ја и со левиот лакт и десното колено. Повторете ги вежбите 20 пати.

Стомачни

Легнете на подот, повлечете ги колената кон градите а главата кон колената. Рацете се на подот веднаш до Вашето тело. Повторете ја вежбата 10 до 15 пати.