Дехидрација се јавува кога телото губи повеќе вода отколку што внесува.

Тоа е неприродна состојба во која клетките на телото се лишени од потребните количини на вода. Дехидрацијата може да биде лесна, умерена или тешка, во зависност од тоа колку телесна течност е изгубена.

Блага дехидрираност е најчеста појава и се јавува ако не пиете доволно течности во текот на денот.

Под нормални околности, телото губи и мора да замени околу 2 до 3 литри течност дневно.

Течноста се губи преку дишење, мокрење, дефекација и потење, а оваа загуба мора да се компензира со соодветно внесување. Ако изгубената вода не се замени, телото може да претрпи сериозни последици.

Симптомите на дехидратација варираат во зависност од нејзината сериозност. Првичната реакција на телото кога е дехидрирано е жед, односно знак на телото дека сака да го зголемите внесот на вода, а потоа намалено мокрење, односно знак на телото кое се обидува да ја зачува моменталната течнос. Но, проблемот е во тоа што Вашето тело е веќе дехидрирано во моментот кога ќе се појават овие знаци.

Како што се зголемува нивото на загуба на вода, се појавуваат се повеќе симптоми кои не смеете да ги занемарувате. Ова се дел од нив:

Главоболка која најчесто трае повеќе од неколку часа
Замор и чуство на болки во мускулите
Суви усни и кожа подлоќна на иритации
Грчеви во рацете и нозете
Покачена телесна температура и грозница
Тахикардија – забрзана срцева реакција
Намалено потење и намалено мокрење

Најчести причини за дехидратација се губење на вода преку повраќање и дијареја, зголемена надворешна температура, како и зголемена физичка активност.

Консумирање на доволно течности и храна што содржи многу вода е најлесниот начин да се спречи дехидрираноста.

Течности во организмот можете да внесете не само од вода, туку и од други пијалоци, како што се сокови но и од храна. како овошје и зеленчук на пример.

Еве неколку дополнителни совети како да спречите дехидрирање на Вашето тело:

Пијте повеќе вода кога температурите се високи.

Пијте вода пред, за време и после вежбање.

Јадете повеќе овошје и зеленчук.

Врз основа на сите овие податоци, јасно е колку дехидрираноста на телото е сериозен здраствен проблем.

Затоа не заборавајте, хидрирајте се, и останете здрави!