Едноставно е, состојбата на нашиот ум влијае на нашето тело, и обратно.

Со цел нашиот ум и тело да функционираат правилно и да бидат во хармонија, потребно е да се чуствуваме и физички добро. Редовната физичка активност е клучот да се чувствувате одлично во Вашата кожа и да бидете полни со енергија. Повеќето луѓе почнуваат да вежбаат поради физичката состојба, убавиот изглед, подобрување на физичкото здравје, што е, се разбира, одлично. Но, многумина не се свесни за неверојатните ментални придобивки кои се стекнуваат со редовното вежбање.

Како физичката активност влијае на менталното здравје?

Безброј студии покажуваат дека вежбањето има неверојатни придобивки, не само за физичкото здравје, туку и за сите други области на здравјето, вклучително и менталната, емоционалната, интелектуалната, па дури и социјалната благосостојба.

Редовните аеробни вежби го зголемуваат нивото на допамин и серотонин во мозокот, поврзани со подобрување на задоволството и расположението на човекот.
Аеробните вежби го зголемуваат лачењето на ендорфин, хормон кој е одговорен за подобрување на расположението и енергијата.
Вежбањето ја подобрува способноста на умот да ги издржи секојдневните стресови и проблеми.
Истражувањето покажува дека вежбањето може да ги ублажи симптомите на предменструален синдром и депресија кај жените.
Редовното вежбање го подобрува квалитетот на спиењето.
Истражувањата покажуваат дека вежбањето ги намалува и може да ги спречи нападите на вознемиреност и паника.
Вежбањето влијае на подобро размислување, учење, креативност.
Вежбањето во голема мера ја зголемува самодовербата и ентузијазмот за живот.
Истражувањето докажува дека вежбањето води кон подобар сексуален живот
Вежбањето ја зголемува социјалната активност и го намалува чувството на осаменост и изолација.

Треба ли да вежбам ако не ми се вежба?

Сè оди според планот, се храните здраво, вежбате редовно, но доаѓаат и денови кога едноставно не Ви се вежба, се чувствувате уморни, премногу сте зафатени или загрижени за нешто.

Ако сте уморни, вежбите имаат тенденција да Ве исполнуваат со нова енергија. Ако сте загрижени, вежбањето може да Ви го расчисти умот и да Ве натера да размислите подобро за Вашиот проблем. Доколку навистина не можете секојдневно да вежбате, половина час пешачење е одлична замена која ќе Ви помогне да го разбистрите умот и да се опуштите.