Потребни состојки:

1 лажица кокосово масло

500гр домати, исечени на ситни парчиња

50гр индиски ореви

1 голем кромид, исечен на ситни парчиња

1л вода

1 чешне лук

10-12 големи листови свеж босилек

1 лажичка сушено оригано

Сол, бибер и сок од лимон по вкус

Подготовка:

Загрејте го кокосовото масло во тава и додадете го кромидот и лукот. Динстајте ги околу 5 минути. Потоа додадете ги преостанатите состојки, исецканите домати, сомелените индиски ореви, босилекот, ориганото и водата.

Мешајте додека не проврие. Кога ќе проврие, намалете ја температурата, покријте го тенџерето, и оставете да се готви уште 15 минути. Ставете го сварениот потаж во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. На крајот ставете сол, бибер, сок од лимон.

Сервирајте, и додајте лажица грчки јогурт одозгора.