Вие сте…

Јас сум Фaни Гулевска, магистер по нутриционизам и поборник за здравиот начин на исхрана. Основач на компанијата Здрави Навики и истражувач во областа на нутриционизмот со објавени 2 научни труда. 

Какви се програми нудите?

Во Здрави Навики добивате персонализирани планови\програми за исхрана, според научни докази. Програмите кои се нудат се од секаков вид, индивидуално според потребите. Сите програми можете да ги видите ТУКА.

Што е холистичка анамнеза?

Холистичката анамнеза претставува сеопфатна и систематична анализа на личноста преку кратки и едноставни прашања каде се анализираат сите аспекти од начинот на живот и здравје, со што се добива целосна слика за поединецот, потоа се врши мерење на функционална вага каде се согледуваат сите метаболитички параметри. Согласно направената холистичка анализа и резултатите од мерењето, како и потребите и целта на поединецот се изготвува програмот.

Која е целта на холистичката исхрана?

Холистичка исхрана цели кон баланс на целиот организам, па затоа во Здрави Навики добивате програми базирани според Вашиот организам и животен стил согласно целта која сакате да ја постигнете. Добивате исхрана искомбинирана на правилен начин според научни докази, листа на намирници поволни за консумација, едноставен начин на исхрана без броење на калории- препорачана количина на храна за консумација преку најиндивидуалниот принцип на мерење на количината на храната според сопствената дланка.

Што мислите за ригорозните диети и исхрана полна со рестрикции?

Ригорозните диети и исхраната полна со рестрикции претставува погрешен принцип каде резултатите се сосема спротивни од посакуваното. Последните научни истражувања ни покажуваат дека токму овие рестрикции доведуваат до дисбаланс на организмот и стресна состојба каде ниту еден од системите во организмот не функционира правилно. Пред се резултатите со овој вид на диети се краткотрајни и штетат по здрвајето. Со здравиот начин на исхрана и здравото слабеење се постигнуваат долгорочни и трајни ефекти главно преку постепено менување на навиките кон поздрави навики и континуитет на истите.

Колку брзото темпо на живот и секојдневниот стрес влијаат врз здравјето на луѓето?

Модерниот начин на живот и брзото секојдневие доведува до константен замор и стрес со што се забораваат основите на здравиот начин на живот. Мојот совет е здравата исхрана во склоп со умерена физичка активност за оптимално здравје.

Каква физичка активност препорачувате Вие?

Во однос на физичката активност исто е како и со исхраната, секој според своите потреби и цели. Јас практикувам главно јога но понекогаш ми е потребен и поинтензивен тренинг. Го слушам своето тело и се водам според организмот и моменталните потреби и цели.

Здрава мисла од Здрави Навики: Се што е умерено е здраво. Јадете умерено, но редовно. Оброкот земајте го мирно и позитивно. Имајте на ум дека добро соџваканата храна е половина сварена и додека јадете имајте убави мисли.

Колку е тешко да се променат нездравите секојдневни навики кај еден човек? 

Промената на навиките е клучна во делот на успехот на секој поединец кон постигнувањето на сопствените цели. Сите сме склони кон навики некои свесни некои несвесни, важно е да успееме свесно да делуваме и да ги промените навиките кои ги имаме а несвесно ни делуваат. Главно е да работиме на самоконтролата, умереноста и самодовербата во себе дека се е возможно- буквално се што ќе замислиме и решиме, ние делуваме и ние само сме плод на нашите мисли и чувства.

Дали според Вас постои формула за долг и здрав живот?

Формулата за долг и здрав живот е позитивна мисла во склоп со холистиката како филозофска доктрина која гледа на еден организам како збир на елементи кои се меѓусебно поврзани и кои создаваат нови особини и откритија- конкретно за личноста како целина – комплетна психо-физичка слика.

За крај, што добиваат корисниците на Sportmaster картички во Здрави Навики?

Сите корисници на Sportmaster картички добиваат 20% попуст на сите програми во Здрави Навики. Прочитајте повеќе ТУКА.