Дали знаете кои се најдобрите вежби за истегнување?

На сите оние кои поминуваат 8 часа седејќи во канцеларија, добро познато им е чувството на вкочанетост на целото тело.

Да се ​​ослободите од таквото чувство, од болката во телото и мускулите и да почувствувате нов прилив на енергија е многу полесно отколку што мислите.

Овие 3 едноставни и ефикасни вежби за истегнување, ќе Ви помогнат да се ослободите од непријатната мускулна вкочанетост и да го опуштите Вашето тело.

Овие вежби за истегнување ќе Ви одземат 7 до 10 минути од денот.

Вежба број 1

Застанете исправено, со споени нозе и почнете полека да ги подигнувате рацете нагоре над телото. Вдишувајте и издишувајте. Кога ќе ги споте рацете над главата, држете ги така околу 30 секунди, па повторете ја вежбата 7 до 10 пати. Оваа вежба ќе Ви го опушти вратот и мускулите на Вашите раце.

вежба за истегнување 1

Вежба број 2

Легнете на стомак и потпрете се на рацете, дланките треба да Ви бидат под рамената. Вдишете и издишете полека и почнете да го подигате телото нагоре. Со секое вдишување, подигнете го телото повисоко, извртувајќи го долниот дел на грбот и торакалниот ‘рбет. Исправете ги рацете, истегнете го вратот нагоре, а брадата во правец на градите.

вежви за истегнување 2

Вежба број 3

Ставете ги рацете и нозете на подот, раширени во ширина на рамената. Држете ги рацете и нозете исправени околу 2 минути, додека Вашиот задник е високо горе. Со оваа вежба ги истегнувате сите мускули во Вашето тело.

вежби за истегнување 3

Не заборавајте, истегнувањето е исклучително важно за регенерација на Вашето телото. Исто така истегнувањето е едноставен ефективен метод кој ја зголемува еластичноста на целото тело и подвижноста на зглобовите и ја подобрува циркулацијата на мускулите и метаболизмот во телото.

Ослободете се од непријатното чуство во Вашето тело и мускули. Вежбајте, не се откажувајте, а резултатите ќе си дојдат!