Потрбни состојки:

1 главица брокула
1 чаша варен интегрален ориз
2 кромид, ситно исецкан
1 чешне лук
1 лажица кокосово масло
1 лажица свеж коријандер, ситно сецкан
1 лажица свеж магданос, ситно сецкан
Сок од половина лимон или лимета
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Измијте ја брокулата и ставете ја во машинка за сецкање, додека не добиете трошки од брокула. Загрејте кокосово масло во тава, и испржете го кромидот и лукот. Потоа додајте ја брокула. Мешајте неколку минути, а потоа додадете го свежиот магдонос, малку сол и бибер. На крајот додадете го сокот од лимон и сварениот интегрален ориз.
Добро измешајте и соединете ги сите состојки. Сервирајте и наросете свеж магданос одозгора.