1.Ти си…
Јас сум Рената Младеновска, почнав да работам како пилатес инструктор пред 4 години, a пред 1 година и како фитнес инструктор. На почетокот се она што го пренесував го имав научено сама во текот на годините бидејќи спортувам многу одамна, за сега после 4 години да се надополнам и со лиценца за инструктор. Но учењето тука не запира секако. Имам групни и персонални тренинзи. А сега поради моменталната ситуација освен во сала држам и онлај тренинзи.
2.Работиш како личен тренер, колку е тешко да се работи со различни типови на луѓе?

До сега не сум имала потешкотии со некои од вежбачите. Обично со персонални тренинзи почнуваат луѓе кои се мотивирани и си ги знаат целите. А секако во текот на моето работно искуство сум се сретнала со различни карактери, со луѓе што сметаат дека знаат повеќе од тебе но секогаш ги слушам нивните потреби, а тие моите совети и на крајот наоѓаме заеднички јазик.
3.Кое е прашањето кое најчесто го добиваш?
Најчесто прашање од вежбачите е за колку време би требало да имаат резултати.
4.А одговорот е…?
Тоа е многу индивидуално. Некои ќе забележат резултати и во правите 2-3 недели. Можеби нема да бидат кој знае колкави но ќе симмнат неколку килограми, ќе им се намали подуеноста и секако ако продолжат да вежбаат и да внимаваат на исхрана за 4-5 недели не само што тие самите ќе ги забележат промените туку и луѓето околу нив ќе го забележат тоа бидејќи по еден месец физичка активност промените во мускулната маса се видливи, мускулните влакна започнуваат да растат со што Вашите мускули се посилни и поцврсти.
5.Како да се мотивираме да вежбаме?
Мотивацијата на почетокот на сите им е физичката промена, мене лично мотивација ми е чувството после тренингот. Ќе се чувствувате поенергично и ќе се чувствувате горди самите со себе што се одвоиле 1 час за доброто на Вашето здравје.

6.Теретана или функционален фитнес?
И едното и другото, или комбинација од двете. Јас сум секогаш за комбинирање на физички активности, или било каква активност не мора да биде во сала може да биде трчање, возење велосипед, планинарење.
7.Што мислиш за ригорозните диети и исхрана полна со рестрикции?
Никако не сум за такви брзи решенија за намалување килограми. На нашето тело му се потребни хранливите материи од храната. Изгладнувањето и невенсување доволно од истите може да доведе до загрозување на нашето здравје. Затоа балансирана исхрана според мене е најдобро и најдологочно решение.
8.Здрава исхрана без физичка активност? Што мислиш за тоа?
Најбитно е што внесуваме во организмот, но доколку немаме физичка активност тогаш се е залудно. Можеби не сега во овој момент, но за неколку години од сега или во староста ќе имаме проблем со мобилноста, ќе имаме проблем со болки во зглобовите, грбот, кичмата, а за да сето тоа се превенира потребно е да се практикува редовна физичка активност.
9.Колку пати неделно препорачуваш да се вежба?
Минимум 3 пати, максимум 5. Јас препорачувам да нема одмор помеѓу 2 тренинга поголем од 2 дена.
10.И за крај, дали според тебе постои формула за долг и здрав живот?
Секако дека постои а тоа се балансирата исхрана и вежбањето. Се што сега во моментот му правиме на телото ќе се отслика подоцна. Исто така позитивната мисла, живеење на животот во моментот без многу грижи, што помалку стрес, уживање во природата и уживање во самиот живот е прафилната формула.