Ако сè уште има некој кој не знае сè за моќниот ѓумбир, ова е вистинско време да прочитате и да се запознаете со ова одлично растение. Ѓумбирот е тропско, зачинско растение од семејството на кринови и многу потсетува на трска. Потекнува од Југоисточна Азија, а долго време се одгледува во Индија и Кина.

Се користи како зачин, како лек, како додаток на јадења…

ѓумбир во прав

Ѓумбирот се користи во различни форми – сушен, свеж, во прав, во облик на сируп или паста…

Во кинеската медицина, сушениот ѓумбир е познат како Gan-Jiang, а свежиот корен како Sheng-Jiang. Свежиот корен се користи за зголемување на потењето и исфрлање на токсични материи од телото. Сушениот корен се користи за стомачни заболувања, дијареја, ревматизам, кашлица и сл.

Ѓумбирот не случајно се нарекува и универзален лек.

Неговите лековити својства се многубројни.

чај од ѓумбир

Се користи против воспаление, за облоги против отоци, против грчеви, за намалување на болката во мускулите и коските, за проблеми како артритис, како превенција од настинка и за смирување на кашлица. Ѓумбирот е одличен за зајакнување на имунитетот, подобрување на циркулацијата и спречување на згрутчување на крвта. Исто така тој е ефикасен лек против мигрена и против грип. Ѓумбирот ја подобрува меморијата, делува како благ афродизијак, го намалува гадењето во бременоста без штетни ефекти, како и гадењето кај луѓето кои имаат потешкотии при патување. Тој е антисептик и ги уништува микроорганизмите, се користи против исцрпеност и замор, затоа што крева енергија во организмот. Ѓумбирот содржи супстанции кои го забрзуваат метаболизмот и помагаат при распаѓање на месото и млекото во организмот.

Тој е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на организмот.

Ѓумбирот нема никакви штетни ефекти, но не се препорачува да се консумира повеќе од 5 грама на ден.

ѓумбир и лимон

Ѓумбирот е еден од најстарите зачини и се користи со векови, а денес, покрај традиционалната употреба, се користи и како суровина за многу производи за слабеење. Иако улогата на ова растение со невообичаена форма е веќе добро позната и признаена кога станува збор за варењето на храната, честопати е недоволно познато дека конзумирањето ѓумбир помага за намалување на килограмите. Коренот од ѓумбир не влијае директно на губење на килограмите, туку индиректно. Ѓумбирот помага во намалување на нивото на холестерол и ја разредува крвта. Исто така, ја стимулира конверзијата на холестерол во жолчни киселини и го поддржува лачењето на жолчката. Колку помалку холестерол има во крвта, толку полесно е да се намали телесната тежина.

За крај, ѓумбирот треба да биде неизбежен дел од Вашата кујна и мора да биде дел од Вашата дневна исхрана, секако во нормални количини. Нема потреба да претеруваме во ништо. Не е важно во каква форма – свеж, како чај, во колачи, во храна, итн.…

Важно е моќниот ѓумбир да биде составен дел од секој Ваш ден.