Како да го трансформирате Вашиот стомак и да го доведете во совршена форма?

Импресивно е да имате совршени стомачни мускули, но вообичаено за тоа се потребни многу часови макотрпни вежби и теретани.

Меѓутоа, не е се така црно. Ви претставуваме две вежби за стомачни мускули кои можете да ги правите и дома.

Мораме да Ви кажеме дека совршени стомачни мускули најпрво се “прават” во кујна. Најважната работа за рамен стомак и истакнати стомачни мускули е правилната исхрана. Се разбира, за “six pack” вежбите се неизоставен дел.

Според студијата која ја направи Американскиот совет за вежбање, овие две вежби се најефикасни за стомачните мускули.

“Точак” стомачни

Легнете на грб, нозете дигнете ги во воздух, а потоа колената привлечете ги кон градите. Дланките држете ги под главата, точно до ушите, така што кога ќе ја привлечете левата нога кон градите, коленото треба да го допрете со десниот лакт и обратно.

стомачни

Оваа вежба ги ангажира сите стомачни мускули, па затоа е идеална за јакнење, а со време и истакнување на мускулите.

Стомачни на пилатес топка

За извршување на оваа вежба потребна Ви е пилатес топка. Така мускулите ќе бидат повеќе активни отколку да правите обични стомачни.

стомачни

Треба да го потпрете горниот дел од телото на пилатес топката, додека стапалата Ви се на под. Колената Ви се свиткани под агол од 90 степени. Рацете треба да Ви бидат свиткани во лактовите а дланките позади главата. Вака поставени, правете обични стомачни, подигнувајте го горниот дел од телото нагоре, и вракајте го назад.

Истражувањата покажуваат дека оваа вежба бара помалку мускулна активност од предходната, но затоа многу прецизно ги “погодува” мускулите.

Секако, оваа вежба е многу ефикасна затоа што бара постојано одржување на рамнотежа.

Секогаш имајте на ум дека јаките стомачни мускули не се важни само за да изгледате убаво. Стомачните мускули ја штитат кичмата, и му помагаат на телото да стои исправено.

Ако сакате да имате “six pack”, стручните лица велат дека за тоа ќе Ви требаат помеѓу 5 и 20 месеци. Се во зависност од тоа колку Ви се јаки мускулите на почетокот и колку масни наслаги имате на пределот околу стомакот.

Не заборавајте на правилната исхрана. Во спротивно целиот Ваш труд и вежбање ќе бидат залудни и резултатите нема да бидат видливи.