Потребни состојки:

За основата

здрава торта

100гр бадеми

100гр ореви

6-7 урми

2 лажици трошки од кокос

4 лажици стопено масло од кокос

прстофат сол

За кремот

250гр индиски ореви

150гр агаве сируп

1 лажичка екстракт од ванила

70гр стопено кокосово масло

1 лажичка спирулина во прав

50мл вода

Сок од лимон

Прстофат сол

Подготовка:

Во блендер измешајте ги сите состојки за основата и блендирајте се додека не добиете леплива смеса.

Добиената смесата ставете ја во калап за за торта (со дијаметар од 15 или 17 см), добро притиснете ја и оставете ја во фрижидер додека го подготвувате кремот.

Најдобро е индиските ореви да ги ставите во вода неколку часа пред да почнете со припремата. Ставете ги сите состојки за кремот (освен спирулината) во блендер и изблендирајте ги додека не добиете мазна текстурата.

Истурете 2/3 од кремот на основата и израмнете со шпатула. Ставете ја тортата 15-20 минути во фрижидер.

Во преостанатиот дел од кремот додадете лажичка спирулина и кратко изблендирајте. Истурете го зелениот крем врз белиот и наросете спирулина во прав одозгора.

На крајот ставете ја тортата во замрзнувач неколку часа, а половина час пред сервирање извадете ја на собна температура.