Вие сте …
Јас сум Драгица Зенделовска, Виш Научен Соработник на Медицинскиот Факултет во Скопје, инаку надворешен соработник од областа на нутригеномијата во болницата One hospital.
Какви се програми нудите?
Програмите кои ние ги нудиме се персонализирани во насока на препораки за исхрана. Овие персонализирани програми се базираат на секундарно ниво на персонализирана нутриција т.е. изработка на препорака во зависност од поединечниот внес на храна, антропометриски мерења, вклучувајќи и мерења на состав на телото, како и крвните биохемиски маркери. Клиентите одговараат на посебно креирани прашалници, добиваат дневник на исхрана и месечно следење на состојбата.
Како треба да изгледа еден здрав појадок?
Оброците особено појадокот треба да се креира според потребите на клиентот. Може да дадам примери за здрав доручек како на пример овошна салата со јаткасти плодови, варена киноа со бобичасти плодови и грчки обезмастен јогурт, јајца во форма на омлет или поширани со зеленчук или фритата од јајца, овес со цимет, јаболка и бадемово млеко итн.

Дали благото е “забрането” во Вашиот начин на исхрана?
Не, но мора да дефинираме што подразбирате под поимот благо. Овошјето, енергетските барови, различни видови на десерти се вклучени во исхраната, но колку шеќери ќе вклучиме во текот на денот зависи од здравствената состојба и физичката активност.
Што мислите за ригорозните диети и исхрана полна со рестрикции?
Вакви видови на диети со големи рестрикции воопшто не ми се омилени. За да се предложи рестрикциона диета треба да има голема причина и да бидеме особено внимателни со времетраењето на една ваква програма како и нутритивниот внес со цел да не дојде до несакани ефекти како што е малнутрицијата.
Која храна ја препорачувате за зголемување на енергијата пред еден тренинг?
Благодарение на мојата обука во фудбалскиот клуб Барселона, може да кажам дека исхраната кај спортисти е многу поразлична од исхраната кај луѓето кои имаат умерена физичка активност. Најважно е да се земе предвид видот на тренингот (тренинг со висок интензитет, тренинзи за издржливост, натпревар итн), индивидуата и нејзините потреби (во смисла на тоа дали е responder или non-responder) и во зависност од тоа може да дефинираме што може да се даде како добар енергетик со цел да ги зголемиме перформансите.
На пример, кога зборуваме за фудбалски натпревар, последна шанса да се надополни гликогенот во црниот дроб е еден час пред натпреварот да се конзумираат течни јагленихидрати или ужинки (гел) кој содржи 25 до 30 грама јагленихидрати или банана или овесни колачиња, спортски напиток (400 ml раствор што содржи 6 % јаглехидрат). Спортисти кои добро реагираат на кофеин може да земат кафе или кофеин, но не повеќе од 3 mg/kg 45-60 min пред натпревар или да користат кофеинска мастика за жвакање во текот на загревањето.
Во овој случај зборуваме само за времето пред натпревар или тренинг, но треба добро да се дефинира исхраната неколку часа пред тоа, дали ќе тренираме low или high. Во суштина најдобро е да се направи периодизација на исхраната за секој спортист поединечно според распоредот во текот на годината.
Периодизацијата на исхраната кај еден спортист е многу важна со цел да се избегне заморот кој ако не се третира на соодветен начин може да перзистира подолго време и да доведе понекогаш до крај на спортската кариера.

Здрава исхрана без физичка активност? Што мислите за тоа?
Здрава исхрана секогаш, но мораме да имаме и физичка активност барем неколку дена во текот на неделата.
Каква физичка активност препорачувате Вие?
Видот и времетраењето на физичката активност зависи од потребите на клиентот и неговата здравствена состојба. Најчесто препорачувам кардио вежби, најдобро пешачење, пливање, степер, возење велосипед.
Дали и како стресот влијае на нашето здравје?
Стресот влијае на квалитетот на нашиот живот. Имено големо е влијанието на стресот врз сонот и функцијата на имунолошкиот систем и голем број на болести може да ги доведеме во директна врска со стресот (кардиоваскуларни, депресија, гастроинтестинални, конгнитивни пореметувања итн.). Можеме да зборуваме за позитивен, негативен акутен или хроничен стрес, за синдромот на прегорување но тоа би го оставила за следен пат затоа што има многу да се пишува.
И за крај дали според Вас постои формула за долг и здрав живот?
Според мене, ова е формулата за долг и здрав живот:
