Во разни бодибилдинг списанија можете да прочитате многу бесмислици за различни програми за вежбање кои може да потраат и до 3 часа вежбање во теретана, но овие списанија забораваат дека не сме сите бодибилдери или професионални спортисти.

Колку е оптималното време кое треба да го помине “обичниот човек” во теретана?

Голем број експерти ја истражувале оваа тема и заклучија дека најоптималното времетраење на еден тренинг е 60 минути. Се разбира, ова не важи за професионалците. Професионалците си имаат свој распоред и навики.

Зашто токму 60 минути тренинг?

По 60 минути, телото започнува да лачи кортизол – стрес хормон, предизвикан од долгиот тренинг. Прекумерното ниво на кортизол се поврзува со многу несакани ефекти како што е треска, хормонална нерамнотежа, срцеви заболувања, зголемен холестерол, многу високо ниво на шеќер во крвта, дијабетес, и остеопороза, а со се ова доаѓа и уште еден несакан ефект а тоа е вишокот на телесни масти во телото. Како што гледате, кортизолот е Вашиот најголем непријател и не Ви препорачуваме да се “борите” со него бидејќи ќе изгубите, а тренингот кој што сте го направиле “ќе падне во вода”.

Другa причина зошто не би требало да вежбаме повеќе од еден час е намалување на концентрацијата. По еден час тренинг, нивото на концентрација значително ќе Ви опадне и нема да можете ни приближно добро да ги правите вежбите како и во првите 30-60 минути. И како што сите знаеме, зајакнувањето на нашите мускули може да се постигне само со максимална концентрација!

Покрај сето ова, мотивациониот фактор исто така е важен, ако однапред знаете дека Ве чека долг и досаден тренинг, лесно можете да се откажете и да останете во својот кревет.

Сега знаеме дека идеалниот тренинг треба да трае околу 60 минути, па затоа обидете се да ги искористите тие 60 минути на најдобар можен начин за да постигнете максимални перформанси.

60 минути теретана, многу вода, правилна исхрана и заслужен одмор!