Спортски поздрав од ГТЦ е заедничка кампања на Градски Трговски Центар Скопје и Sportmaster за подигнување на свеста за придобивките од здравиот начин на живот.

Преку оваа кампања докажуваме дека и со мал напор допринесувате за подобра физичка подготвеност и подобро здравје.

1. Атлетски Скали

Трчањето по скали може да биде забавно! Направете трка со Вашите пријатели, земете залет и се гледаме на целта! Пробајте, со Sportmaster сите сте победници! Патеката е поставена на скалите на влезот од страна на Holiday Inn.

2. Ескалатор VS Скали

Зошто ескалатор кога качувањето по скали е поздраво? Секоја изгубена калорија е важна за Вашето здравје! Потрошете 2.5 калории. Оваа патека е поставена на влезот на ГТЦ од страна на плоштадот.

спортски поздрав од гтц

3. Патека на среќата

Качувањето по скали го зголемува протокот на крв и ослободува ендорфин – хормон на среќа! Можеби ќе се измориш додека да се качиш но ќе чувствуваш помалку стрес отколку кога би го користел лифтот. Оваа патека е поставена на десниот излез од подземната гаража.

спортски поздрав од гтц

4. Лифт VS Скали

Зошто би го користел лифтот кога качувањето по скали е поздраво. Иако овие скали имаат само 15 скалила, со нивното искачување губиш 1.5 калории. Оваа патека е поставена на левиот излез од подземната гаража.

спортски поздрав од гтц

Доколку качувањето по скали не е доволно, набави си Sportmaster картичка и спортувај или рекреирај се во над 70 спортски објекти секој ден, колку сакаш! Информирај се на www.sportmaster.mk

Спортски поздрав од ГТЦ!