Дали се чувствувате виновни додека јадете чоколадо?

Знаеме дека одговорот е позитивен, но не мора секогаш да биде така! Древните Маи сметале дека тоа е храна на боговите, и биле во право. Чоколадото е навистина добро за здравјето. Се разбира, ова се однесува на темно чоколадо.

Квалитетот на чоколадото се одредува според количината на какаото во него. Експертите истакнуваат дека 60% е долната граница за присуството на оваа состојка и дека сè што надминува 70% гарантира квалитет. Со толку висок процент на какао, црното чоколадо има исклучително корисен ефект врз нашето здравје. Сепак експертите советуваат дека не треба да се претерува. Научниците велат дека не треба да јадеме повеќе од 200 грама темно чоколадо неделно.

Колку е потемно, толку е поздраво!

Здравје на срцето

Црното чоколадо го штити срцето и кардиоваскуларниот систем. Клиничките студии покажаа дека неколку коцки чоколадо го намалуваат крвниот притисок. Исто така ја подобруваат циркулацијата на крвта, спречуваат формирање на тромби и ја намалуваат количината на холестерол.

Благодарение на флавоноидите, црното чоколадо има корисен ефект врз мозочните функции и на тој начин може да спречи развој на различни нарушувања, како што се Алцхајмеровата или Паркинсоновата болест. Ова се случува токму затоа што овие супстанции го подобруваат протокот на крв низ телото, а со тоа и протокот на крв во мозокот.

Минерали

Чоколадото содржи голем број витамини и минерали, како што се бакар, магнезиум, калциум, калиум и железо. Само 40 грама црно чоколадо обезбедува 15% од сите дневни потреби за магнезиум, што е важно за производството на енергија, силните коски и закрепнување. Истата количина обезбедува 34% од дневните потреби за бакар, што му помага на телото да произведе невротрансмитери, со што ефикасно го поддржува кардиоваскуларното здравје.

Антидепресив

Темното чоколадо содржи серотонин и ендорфин. Сертонинот “се бори” против депресијата, а ендорфинот го зголемува чувството на задоволство и ја намалува болката, како физичката така и психичката. Темното чоколадо делува како природен антидепресив, правејќи да се чувствуваме подобро, бидејќи содржи и тирозин, што влијае на зголемување на допаминот во организмот. Допаминот директно влијае на нашата емоционална благосостојба затоа што ги стимулира центрите за задоволство во нашиот мозок.

Исто така, секојдневното конзумирање неколку коцки црно чоколадо богато со какао може да ги ублажи симптомите на хроничниот замор.

Регулирање на шеќерот во крвта

Темното чоколадо има низок гликемиски индекс. Ова значи дека ќе се вари поспоро во нашиот организам, а истовремено помага шеќерот во крвта да се доведе во нормала. Исто така, консумирањето темно чоколадо не го зголемува нивото на шеќер во крвта, што е одлична вест и за дијабетичарите.

Митови за чоколадото

Чоколадото содржи многу кофеин

Не е точно, напротив, содржи мали количини на кофеин. Да, темната чоколада соддржи повеќе кофеин, тоа е вистина, но не толку многу колку што луѓето мислат.

Чоколадото предизвикува појава на акни

Не е точно, истражувањата покажаа дека помеѓу акните и конзумирањето на чоколадо нема никаква врска.

Чоколадото предизвикува расипување на забите

Не е точно, особено кога станува збор за темно чоколадо со висок процент на какао. Научниците се повеќе се согласуваат дека не само шеќерот е виновен за расипувањето на забите, туку и многу други производи кои секојдневно ги конзумираме.

Чоколадото го зголемува лошиот холестерол

Не е точно. Ако се откажевте од чоколадото заради ЛДЛ (лошиот) холестерол, непотребно се жртвувавте. Иако е точно дека чоколадото содржи путер од какао, кој има голема количина на заситени масти, голем дел од овие масти доаѓаат од стеаринска киселина, која не делува како заситени масти. Студиите конечно докажаа дека чоколадото не го зголемува лошиот холестерол.