Потребни состојќи:
300гр пире од тиква
2 лажици кокосов шеќер
3 лажици пченкарно брашно
300мл бадемово млеко
3 лажици грчки јогурт
2 лажици агаве сируп
2 лажички екстракт од ванила
Подготовка:
Сварете ја тиквата и изблендирајте ја додека не добиете пире.
Во тенџере ставете го кокосовиот шеќер и пченкарното брашно и измешајте додека состојќите не се соединат. Потоа додадете го бадемовото млеко и направеното пире од тиква.
Варете 5 до 7 минути со постојано мешање.
На крајот додадете го агаве сирупот и екстрактот од ванила.
Добиениот пудинг ставете го во стаклени чинии и оставете го да се лади најмалку половина час.
Пред послужување одозгора додадете една лажица грчки јогурт и наросете цимет или кокосови трошки.