Без оглед со кој спорт се занимавате, секогаш постојат цели што сакате да ги постигнете во одреден период. Без разлика дали сте професионален спортист, рекреативец или комплетен почетник целта е секогаш исклучително важна. Постоење на одредена цел е најдобра можна мотивација во моментите кога Ви е тешко и сакате да се откажете.

Овие 4 предуслови се важни доколку сакате да ја постигнете посакуваната цел.

1. Правилен избор на активности

При изборот на физичка активност, најважно е да бидете водени од сопствените афинитети и цели, а не, како што често се случува, тој избор да го направи Вашиот пријател или партнер. Имено, она што одговара на некој друг можеби не Ви одговара на Вас и обратно. Доколку на Вашиот пријател највеќе му одговара пилатес или јога, можеби на Вас највеќе ќе Ви одговара фитнес или пак кик бокс. Затоа многу е важно да направите правилен избор кога станува збор за активноста.

одличен тренинг

2. Прилагоден тренинг

Според Вашата цел, важно е да го испланирате тренингот. Ако немате искуство со ова, консултирајте се со личен тренер. Личниот тренер ќе го испланира Вашиот тренинг според Вашата спремност и посакувана цел. Ако зборуваме за најчестит цели што луѓето ги имаат во теретана, тогаш тоа се: губење на вишокот килограми, одржување на моменталните килограми или зголемување на мускулната маса. Се разбира, според посакуваната цел, тренингот се разликува во изборот на вежби, нивниот интензитет, бројот на повторувања, паузи помеѓу сериите итн.

3. Сон

Ако тренирате напорно и редовно, многу е важно да имате доволно одмор. Најдобар начин да го направите тоа е квалитетниот сон, бидејќи тогаш мускулите растат, се развиваат и закрепнуваат. Спиењето треба да биде еден од нашите приоритети. Добриот сон придонесува за подобра меморија и е многу важен фактор за одржување на телесната тежина. Придонесува за подобар имунолошки систем, а нашето тело е поподготвено за физички активности и ментална работа. Исто така, добриот сон ја подобрува концентрацијата, рефлексите, го регулира крвниот притисок и ни помага во борбата против стресот.

одличен тренинг

4. Исхрана

Правилната и здрава исхрана е клучот за одличен тренинг. Да не се повторуваме, но доколку изедете нездрав оброк по тренингот, исто како да не сте го направиле. Направете си план со исхрана, внесувајте многу овошје и зеленчук, јадете протеини, и заборавете на разни грицкалици и слатки нешта. Се разбира, одвреме навреме, наградете се со некое слатко задоволство, но не претерувајте!