Карантините и рестрикциите полека се намалуваат. Животот се враќа во нормала. Ние се враќаме на секојдневните обврски и навики со 5 килограми плус. Немојте да се чуствувате виновни ако во овие “карантински” денови сте биле неактивни и сте се прејадувале беспотребно, и тоа се случува, но тоа време заврши. Сега е време да направите нешто за себе и за Вашето тело.

Време е за нови навики. Време е да се вратиме во форма.

Има многу кои се движат со големи очекувања и ја губат желбата и мотивацијата во рок од една недела. За да се избегне ова, важно е да бидете добро подготвени и информирани.

Да бидеме искрени, губењето на тежината не е едноставен или лесен процес и секој што ќе Ви каже поинаку, дефинитивно лаже. Секоја работа, па така и оваа, бара многу работа, мотивација, трпеливост и желба. На крај, најважната, а во исто време и најтешката работа е промена на секојдневните навики.

Ако сакате да погледнете зад себе на крајот на оваа година и да кажете „Успеав!“, еве неколку совети кои ќе Ви помогнат да ја постигнете Вашата цел:

Физичката активност е важен фактор во процесот на слабеење. Вежбајте 4-5 пати неделно, направете си комбинација од различни активности и одржувајте го вежбањето забавно и разновидно, за да можете најдобро да останете мотивирани. Запомнете, не секој вид вежба е за секого, затоа мора да одлучите на кој тип тренингот припаѓате и која активност Ви одговара.

Направете план и распоред кога ќе одите на тренинг, кога ќе јадете, кога ќе одмарате… Испланирајте си ги деновите, и водете се по распоредот. Верувајте, ќе Ви биде многу полесно.

Не заборавајте да пиете доволно вода. Неопходно е да пиете помеѓу осум до десет чаши вода во текот на денот. Секогаш имајте мало шише со вода во Ваша близина.

Испланирајте си го и неделното мени! Обидете се да јадете почесто помали оброци. Немојте да ја прескокнувате ужината. Јадете многу свежо овошје и зеленчук. Јадете храна што ќе ги задоволи Вашите потреби, но нема да предизвика ненадејни промени во шеќерот во крвта.

Вашата главна цел е губење на тежината со акцент на одржување на нормална функција на метаболизмот без гладување. Упорноста во Вашите одлуки и усвојувањето нови ќе Ве доведе до поздрав и позадоволителен животен стил! Само бидете упорни и немоје лесно да се откажувате.

И за крај, игнорирајте ги информациите за разни диети и производи за брзо губење на тежината кои Ве бомбардираат од сите страни. 90% од нив се измислени и промовирани без квалитетни докази и истражувања кои ја потврдуваат нивната ефикасност.

Среќно!