Многупати сме пишувале на темата зошто треба редовно да вежбаме и кои се придобивките што ги носи редовното вежбање. Добрите страни ги знаеме сите. Сепак, треба да додадеме уште една многу важна придобивка, а тоа е справувањето со депресијата.
Кога ќе завршите со добар, на крајот ќе почувствувате задоволство, мало чувство на замор но и еуфорија. Направивте нешто добро!

Истражувачите од познатиот шведски универзитет во Каролина неодамна објавија студија во списанието „Cell“ што се занимава со оваа тема. Студијата е со експериментален дизајн и е направена врз лабораториски глувци, но нејзините заклучоци се многу интересни.
Познато е дека многу фактори влијаат на развојот на депресија, но истражувачите се фокусираа на улогата на одредени хемиски соединенија произведени од нашето тело.
Имено, тие го открија соединението „кинуренина“ произведено од нашиот црн дроб како одговор на зголемено ниво на стрес. Ова соединение предизвикува воспаление на мозочните клетки, нивна смрт и депресија.

Откриено е дека со вежбање, нашите мускули го зголемуваат нивото на протеинот „PGC-1alpha1“, што доведува до зголемување на концентрацијата на еден ензим што го претвора „кинуренинот“ во негова киселина, односно во „кинуренска киселина“.
Разликата помеѓу „кинуренината“ и нејзината киселина е во тоа што киселината не може да ја премине мозочно-крвната бариера, па затоа не може да дојде во контакт со мозочните клетки и таму да создава “хаос”.
Значи, механизмот е многу едноставен, а придобивките што ги добивате од вежбање во борба против депресијата се исто така многу очигледни.